Семејство со двете деца и кучето ја истражува Македонија: „Омилени ни се Лешница и Солунска Глава со Бабунски извори“

Која ви е најдолгата тура до сега, а која најнапорната?

Најдолгата тура ни беше Лешница, со поаѓање од планинарски дом Смрека. Околу 11 км во правец. А најнапорна е можеби Солунска Глава на Јакупица, првиот пат кога се искачивме, затоа што тогаш Ева и Андреја имаа 8 и 6 години.

Не сме имале тешкотии во искачувањата никогаш, затоа што правиме паузи кога и да ни се потребни.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-20.jpeg

Што носите со себе на планина? Без што не тргнувате?

Супер прашање. Дефинитивно има неколку работи без кои никој не би требало да тргне на планина.

Најважно е да останеме хидрирани во текот на целата тура, значи доволно вода, минимум по 1 литар за секого, иако најчесто има по некое изворче каде може да наполните, ама не сме сигурни за тоа секогаш.

Удобни планинарски чевли и облека во слоеви. Шушкавци и марами за глава задолжително во ранци, затоа што временската прогноза на планина може да се смени многу бргу.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-16.jpeg

GPS уред, затоа што некогаш одиме и по немаркирани патеки или сами истражуваме, па не би сакале да се изгубиме.

Храна која дава енергија: суво овошје и јаткасти плодови, плус сендвичи и некое мезенце кое ќе го јадеме со преубав поглед.

Фотоапарат, бидејќи ако не фотографираш, како да не си бил нели?

Прва помош: нешто против алергии, спреј за рани, за дезинфекција и сл.

И секако последно, но не помалку важно-добро расположение и надеж за уште една нова супер авантура.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-06.jpg

Се случува ли некој да се откаже на половина пат?

Конкретно само еден да се откаже, не. Но, се случило сите заедно да се откажеме во случај кога ненадејно ќе се смени временската прогноза, па има можност за невреме, тогаш не би смееле да ризикуваме или, пак, ако не го испланираме добро времето и тргнеме подоцна, а денот е краток.

Но, тоа за среќа се случува навистина ретко.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-21.jpeg

Прошетки во пролет или прошетки во зима?

Секое годишно време носи свои убавини, но пролет е годишното време кога се буди цела природа и нема нешто поубаво од тоа. Мирис, бои, инсекти, птици, сонце, денот е подолг…

Во пролет сме помотивирани дефинитивно.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-04.jpg

И во зима ни е убаво, посебно кога знаеме дека сме го избегнале загадениот воздух.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-13.jpeg

А за есента да не зборувам, само во есен има таква палета на бои со сите нијанси кои може да ги видите исклучиво на планина.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-24.jpeg

И летото си е убаво, само да се тргне порано, бидејќи и горе знаат да бидат температурите доста високи.

semejstvo-so-dvete-deca-i-kucheto-ja-istrazhuva-makedonija-omileni-ni-se-leshnica-i-solunska-glava-so-babunski-izvori-25.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Аница Бебиќ: „Работев како туристички аниматор во Хрватска - возрасните најмногу сакаа аква фитнес, ... „Аниматорите имаат програма како за деца, така и за возрасни по која се водат. Н...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Тиана од Скопје за кампувањето во Струга: „Нема гужва, а будењето со птици во природа е уникатно иск... „Струга ја сакам бидејќи е многу помирна од Охрид, особено во летниот период ког...
Андреа Јосифова за зимскиот одмор на Тенерифе: „Беше 25°C, идеално е за со деца“ „Доколку барате топла дестинација во зима која е лесна за организирање и не толк...
Кристијан Шемко: „Се вратив во Македонија да одморам од напорната работа како ѕидар во Сиднеј, но па... „Во текот низ годините, поради носталгија и емоции за родниот крај, моите родите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg