Марија и Магделена, наши фит близначки што се облекуваат во тон: „И на Сејшелите бевме модно усогласени“
- Детали
- четврток, 07 ноември 2024
Oд црни бикини до зелени лелеави комбинации, близначките Марија и Магделена Гаврилови од Кочани блеснаа модно усогласени на патувањето на Сејшели. Тие ги споделуваат своите впечатоци оттаму за CRNOBELO.com.
Марија и Магделена Гаврилови, по потекло од Кочани, живеат во Скопје, вљубенички се во спорт и во периоди од годината знаат да водат живот „во куфери“.
Овој пат како дестинација за одмор ги одбраа Сејшелите.
Тие велат дека луѓето не ги распознаваат, но дека имаат доста разлики карактерно и физички. Едната секогаш е подебела од другата за 2 до 3 килограми. Се разликуваат по бемки и форма на лик.
Како мали, нивната мајка ги облекувала исто, а тие плачеле затоа што не сакале да бидат исти, но сега работите се смениле и купуваат сè идентично.
За нивното патување на Сејшели ги споделуваат впечатоците за CRNOBELO.com:
„Сејшелите ги одбравме како дестинација бидејќи се едни од најубавите острови со најубави и најфотографирани плажи на Индискиот океан во Источна Африка.
Оваа дестинација ни стои уште пред многу години на ‘booking’ листата, па затоа и токму неа ја избравме.
Нашиот лет беше директен од Франкфурт со германската авио компанија Кондор и траеше 10 часа до главниот остров Махе на Сејшелите.
Сејшелите се состојат од 115 острови, додека островите Махе, Праслин и Ла Диг се најнаселените и најпосетените.
Па, поради тоа се одлучивме да ги истражиме и ние овие три острови.
Од наш аспект највеќе време треба да се потроши на островот Махе, додека на останатите два острова, две - три ноќевања би биле доволни.
Од Махе до Праслин летавме со пропелер и летот траеше 15 минути, а од Праслин до Ла Диг со брод.
На островот Ла Диг се наоѓа најфотографираната плажа на планетата Anse Source d'Argent.
Најдобриот период за посета на овие острови е од крајот март до средината на мај и од средината на септември до средината на декември.
Кога пристигнавме на Сејшелите, при самото излегување од авионот, температурата беше висока и воздухот влажен, па затоа ни требаше малку време да се адаптираме.
Локалното население се пријатни и весели луѓе кои секогаш и секого со насмевка го поздравуваат. Производите ги увезуваат, па поради тоа е и доста скапо.