Христијан Стојаноски го посети најбајковитото холандско селце: „Најубаво се доживува со бротче кое го управував сам“

„Како пловевме низ каналите, така почнаа воздишките предизвикани од убавините пред нас - куќи на вода, мостови, црквички, зеленило... Градбата на куќите и самата декорација околу нив изгледаа многу автентично и сосема поразлично од сè што сум посетил“, вели кичевчанецот Христијан за посетата на Хитхорн, уникатното место во Холандија.

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-01.jpg

Христијан Стојановски од Кичево, наш интернационален модел, со својата работа, но и приватно, посетил многу европски и азиски земји.

Но тој неодамна беше во Холандија и по неколку дена поминати таму, вели дека оваа држава сега е на врвот на листата на негови омилени земји.

Покрај Амстердам, Христијан го посети и Хитхорн, селото на вода, каде нема улици, туку канали, а луѓето не возат автомобили, туку чамчиња.

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-15.jpg

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-12.jpg

За своето необично и авантуристичко патување, тој раскажа за CRNOBELO.com:

„До Хитхорн стигнав преку организирана тура со автобус, а се патува околу 2 часа од Амстердам.

Цената до самата локација изнесува 80 евра, и тука беа вклучени превозот со автобус, локален водич и тура со бродче околу каналите.

За жал, првите билети што ги купивме ни пропаднаа поради тоа што доцневме 3-4 минути и стигнавме на станицата откако заминал автобусот, па моравме да платиме уште по 20 евра од човек за да ги поместиме картите за наредниот ден.

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-08.jpg

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-07.jpg

Времето беше свежо и по малку врнежливо, како студен есенски ден, што е типично за земја како Холандија, но сосема соодветно за локацијата која како да е од бајките.

Кога стигнавме во Хитхорн прво влеговме во еден ресторан за да ручаме.

Цените за главен оброк се движат од 20 до 25 евра. Но, во гратчето или селото (сите го ословуваат различно), имаше и добар избор на кафулиња и интересни места за седнување и одмор.

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-11.jpg

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-03.jpg

Бидејќи до враќањето на автобусот кон Амстердам имавме околу 4-5 часа, по ручекот веднаш тргнавме да го истражиме местото.

Јас решив дека сакам да бидам сам свој капетан, па изнајмивме моторно бродче кое се издава за 45 евра од час.

Мислам дека направивме одличен избор, зашто така можеш своеволно да си управуваш каде сакаш, да ја уживаш приватноста на самото место и да ја избираш рутата по која ќе се движиш.

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-13.jpg

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грциј... „Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg