Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси

„Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата и раскошот. Фокусот е на тепихот од природна кожа кој внесе рустикален шарм во просторот. Барокниот мебел со златни детали додава луксузен и елегантен допир, создавајќи чувство на величественост“, вели Маријана за уредувањето на семејната куќа во Штип.

vo-domot-na-marijana-vo-shtip-kukja-vo-barok-stil-so-zlatni-elementi-tepih-od-priroda-kozha-i-mnogu-novogodishni-ukrasi-01.jpg

Маријана Ѓорѓиева (32) од Штип е специјализант на Пулмологија со алергологија, а работи како доктор во Итната медицинска помош во Здравствениот дом „Д-р Иван Георгиев“ во Пехчево.

Таа живее во Штип, со сопругот Мартин и 5-годишниот син Билјан, но постојано е на релација Штип - Пехчево, односно Штип – Скопје.

Бидејќи многу патува, при уредувањето на куќата тргнала од идејата дека домот треба да има посебна енергија, во која целото семејство ќе ужива и ќе се релаксира.

vo-domot-na-marijana-vo-shtip-kukja-vo-barok-stil-so-zlatni-elementi-tepih-od-priroda-kozha-i-mnogu-novogodishni-ukrasi-36.jpg

Во куќата на Маријана доминираат елементи во барок стил и златни детали, а одлично се вклопуваат и розовата и портокаловата боја.

Во овој период од годината тука се и новогодишните украси и прекрасната елка со светли лампиони.

За CRNOBELO.com, Маријана откри детали за уредувањето на домот: 

„Домот е таму каде што се твоите сакани. И за некого можеби нашиот живот звучи напорен, но јас можам да кажам дека никогаш не е здодевен.

Мојата професија бара посветеност, за мене здравјето на пациентите е приоритет, па токму поради тоа сметам дека домот, ентериерот и енергијата во него мора да предизвикуваат пријатно чувство за секого.

Токму затоа се одлучивме за барок стил на уредување, со примеси на винтиџ и ретро елементи.

vo-domot-na-marijana-vo-shtip-kukja-vo-barok-stil-so-zlatni-elementi-tepih-od-priroda-kozha-i-mnogu-novogodishni-ukrasi-02.jpg

vo-domot-na-marijana-vo-shtip-kukja-vo-barok-stil-so-zlatni-elementi-tepih-od-priroda-kozha-i-mnogu-novogodishni-ukrasi-03.jpg

Уредувањето беше комплетно наша идеја за која истражувавме подолго време.

Се одлучивме да преовладува барокниот стил бидејќи се карактеризира со резби, нежни линии, златни и сребрени детали, а екстремното внимание се посветува на уникатните форми.

Ова создава чувство на престиж и висока класа, без да се изгуби потребата за комфор.

vo-domot-na-marijana-vo-shtip-kukja-vo-barok-stil-so-zlatni-elementi-tepih-od-priroda-kozha-i-mnogu-novogodishni-ukrasi-04.jpg

vo-domot-na-marijana-vo-shtip-kukja-vo-barok-stil-so-zlatni-elementi-tepih-od-priroda-kozha-i-mnogu-novogodishni-ukrasi-14.jpg

Внимававме дневната соба да ја уредиме во уникатен и еклектичен стил, комбинирајќи елементи на природата и раскошот.

Фокусот е на тепихот од природна кожа, и морам да признаам дека беше идеја на мојот сопруг, а внесе рустикален шарм во просторот.

Барокниот мебел со златни детали додава луксузен и елегантен допир, создавајќи чувство на величественост.

Текстурата во крем боја на мебелот дава меко и привлечно чувство во собата, подобрувајќи ја нејзината севкупна естетика.

Така, оваа соба ги спојува природните и екстравагантни елементи, што резултира со визуелно впечатлив и софистициран амбиент.

vo-domot-na-marijana-vo-shtip-kukja-vo-barok-stil-so-zlatni-elementi-tepih-od-priroda-kozha-i-mnogu-novogodishni-ukrasi-12.jpg

vo-domot-na-marijana-vo-shtip-kukja-vo-barok-stil-so-zlatni-elementi-tepih-od-priroda-kozha-i-mnogu-novogodishni-ukrasi-06.jpg

И столбовите во куќата се изработени по наш вкус - во композитен стил со додатоци - скриено светло во плафонскиот простор и винтиџ лустер кој дава топлина на целата просторија со својата крем-розова нијанса.

vo-domot-na-marijana-vo-shtip-kukja-vo-barok-stil-so-zlatni-elementi-tepih-od-priroda-kozha-i-mnogu-novogodishni-ukrasi-16.jpg

vo-domot-na-marijana-vo-shtip-kukja-vo-barok-stil-so-zlatni-elementi-tepih-od-priroda-kozha-i-mnogu-novogodishni-ukrasi-15.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Винтиџ кафуле во Скопје, со грамофон и телефонска говорница, ја враќа магијата на минатото (фото) Место за сите романтичари кои чувствуваат носталгија за минатото, место каде има...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg