Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси
Кујната е моето царство. Тука го пијам првото утринско кафе додека се подготвувам за претстојниот ден.
Обожавам да готвам, а мојот син најмногу се радува на белите печива на мама.
Кујната е во Г-форма. Мијалникот е со златест ретро изглед на чешмата, а во самиот агол на кујната имаме место за кафе во розова боја и златни детали кај мебелот.
Отсекогаш ми се допаѓале винтиџ рерните кои се инспирирани од дизајните на класичните апарати од средината на 20-тиот век и мислам дека не згрешив во мојот избор.
Овие рерни обично имаат ретро естетика, предизвикувајќи чувство на носталгија и шарм, што дополнително го подобрува изгледот и се доловува безвременскиот дизајн од минатото.
Трпезаријата е поврзана со салонскиот дневен престој, каде што, исто така, имаме ставено голем акцент на текстурата на тапацирот и златните детали.
Дизајнот на текстил е спој на неколку нијанси како што се Almond Brown и Biscuit.
И спалната соба е во барок стил, а вклучува украсен мебел со сложени изработки и детали во безвременската златна боја.
Внимание посветивме и на изборот на боите и какво е нивното влијание врз расположението и квалитетот на спиење.
Затоа и овде се употребени светли и смели бои, со земјените тонови и нијанси, кои не го попречуваат сонот.
Употребата на земјени тонови, како нежно кафеави, нежно беж и крем бели нијанси, помагаат да се создаде порелаксирачки амбиент и даваат чувство на спокојство.
Со спалната соба е поврзана бања со џакузи.