На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев

„Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималистички стил каде ќе преовладува белата боја со црни детали и елементи од орев за да ја разбиеме монотонијата. Мебелот е направен по нарачка за просторот да се искористи максимално“, вели Христина од Скопје за уредувањето на домот.

na-gosti-kaj-hristina-stan-vo-skopje-od-80m2-01.jpg

Христина Николовска Шурлановиќ (30), софтверски инженер во IT компанија, со сопругот живее во Скопје, во стан од 80m2. Во нивниот дом се само неколку месеци, поради што Христина вели дека на просторот му недостигаат детали, но како што постепено го уредуваат станот, така тој го добива ликот што таа и сопругот го замислиле.

Во овој светол простор доминираат белата боја и црните детали во минималистички стил, како и елементи од орев, кои му даваат топлина на просторот.

na-gosti-kaj-hristina-stan-vo-skopje-od-80m2-11.jpg

Покрај впечатливата уметничка слика со женски лик и сини бои, периодов во станот доминира елка со розови лампиони.

Христина, пак, за CRNOBELO.com вели дека обожава природно цвеќе, па затоа во нивниот дом скоро постојано има цвеќиња во вазна.

na-gosti-kaj-hristina-stan-vo-skopje-od-80m2-02.jpg

Таа ни раскажа како го уредиле станот:  

„Станот го уредувавме заедно со сопругот, иако морам да признаам дека ми остави простор јас да ‘замешам прсти’ малку повеќе.

Внатрешното уредување е нешто што секогаш ми било интересно, па воопшто не ми беше проблем да се 'пуштам' во процесот.

na-gosti-kaj-hristina-stan-vo-skopje-od-80m2-03.jpg

na-gosti-kaj-hristina-stan-vo-skopje-od-80m2-04.jpg

Ова ни е втор дом заедно. Првиот го уредивме многу едноставно во доминантно бела боја, а сега сакавме да експериментираме малку повеќе со деталите и боите, но сепак да се задржи минималистичкиот стил.

Имавме и консултација со архитект, но повеќе од технички аспект.

na-gosti-kaj-hristina-stan-vo-skopje-od-80m2-06.jpg

na-gosti-kaj-hristina-stan-vo-skopje-od-80m2-07.jpg

Во однос на дизајнот, тој беше главно наша желба.

Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставност и практичност, а притоа да биде класичен, минималистички стил каде ќе преовладува белата боја со црни детали и некои елементи од орев за да ја разбиеме монотонијата.

Мебелот е направен по нарачка со цел просторот да се искористи максимално. Многу љубов и внимание е посветено во секој агол од станот.

na-gosti-kaj-hristina-stan-vo-skopje-od-80m2-09.jpg

hrisatina-220.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Невена и Тодор: Стан во „Ѓорче Петров“ со златни детали, уреден со идеи од Pinterest „Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот. Сак...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg