Кој е локалот во кој се прават најубави фотки за Инстаграм во Виена?
- Детали
- петок, 24 ноември 2023
Ако патот ве одведе во Виена, особено во празничните денови, посетете го Onyx, ресторан и бар со прекрасен поглед на срцето на градот, и место каде што ќе ги направите најубавите фотки за Инстаграм.
Надалеку познатиот божиќен маркет во Виена секој ноември и декември привлекува туристи од целиот свет.
Божиќниот маркет е совршено место за креирање прекрасни фотки кои ќе ги објавите на Инстаграм - празнична атмосфера, светилки, греено вино, колачиња со цимет и слично.
Но, постои уште едно место во градот каде ќе ги направите најубавите фотографии за на Инстаграм – Onyx Restaurant, кој го нуди најубавиот поглед во градот – на катедралата Св. Стефан.
Овој ресторан се наоѓа во срцето на градот, има високи прозорци и отворен поглед кон една од најпопуларните туристички локации во Виена, Stephansdom.
Тоа го прави едно од омилените места за ручек, коктел или кафе.