Боинг 737 претворен во луксузна вила со прекрасен поглед - би се сместиле ли тука?

На врвот на карпата во близина на плажа во Бали се наоѓа авион. И не, не е таков авион кој ќе ве однесе до следната дестинација, туку станува збор за луксузна вила.

boing-747-pretvoren-vo-luksuzna-vila-so-prekrasen-pogled-01.jpg

Бали е позната туристичка атракција, особено поради топлите температури кои преовладуваат речиси цела година, но и беспрекорната природна убавина што ја нуди.

Иако првите асоцијации со Бали се плажите и пливањето, што не е далеку од вистината, Бали е многу повеќе од тоа.

Оваа дестинација е полна со антички храмови, прекрасна природа и зеленило.

Овде постојат повеќе атракции кои може да ви изгледаат привлечни, а на врвот на карпата во близина на плажата Нјанг-Нјанг се наоѓа авион.

И не, не е таков авион кој ќе ве однесе до следната дестинација, туку станува збор за луксузна вила.

Овој авион кој сега е луксузна вила некогаш бил дел од флотата на Mandala Airlines, а повлечениот од употреба Боинг 737 бил купен од претприемачот Феликс Демин, кој го сместил на оваа волшебна локација на 150 метри надморска височина.

Ексклузивна, пространа и со многу содржини за гостите, вилата може да прими до четири лица.

Официјално беше отворена во декември 2023 година, а денес е една од најпрепознатливите и најбараните луксузни дестинации во светот.

Вилата има дневна соба со шанк и софа, две спални соби со плакари, две бањи и комплетно опремена кујна.

Пилотската кабина е претворена во голема бања, а едно од авионското крило е претворено во прекрасна тераса.

Надвор има зелена тераса со лежалки, простор за одмор, а посебно искуство ќе доживеете и пливајќи во базенот со поглед на океанот.

Па, кој не би сакал да ужива на вакво место?

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 нови кафулиња во Скопје, за сите вљубеници во кафето Некои од нив се штотуку отворени, други своето постоење го бројат во месеци, но ...
Локал во Стара чаршија служи „кафе во боја“: Совршен за уживање и на сонце и на дожд Cuba Coffee во скопската чаршија е автентично место каде што може да испиет...
Кул нов локал во Скопје: Тапас бар со црвена врата и ѕидови што „приказни раскажуваат“ Ако ви здодеа од старите локали, тогаш на Илинденска ќе наидете на нешто ново - ...
6 ресторани во природа низ Македонија за совршен викенд ручек Од локали ѕидани од камен во чиј ентериер е вложено навистина многу до локали на...
На кафе во: „Училница“ - кафуле во Битола со графит со Барт Симпсон (фото) Aко сакате кул и урбани места, тогаш овој локал дефинитивно ќе ви се допадне. Кр...
Локал во Скопје е како од љубовна бајка: Срциња, балони и розово-црвени колачиња До неодамна, овој локал беше омилено место за новогодишни фотки, а сега плени со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg