Празнична бајка во домот на семејството Божинови во Битола: Тематски декорирани елки, уникатни украси

„Oваа година салонот го претворивме во една божиќна кројачка работилница. Направивме елка во форма на женска креација, додека пак старата ретро машина за шиење од мојата баба ја претворивме во вистински новогодишен украс. Околу украсувањето се трудиме заеднички сите фамилијарно", вели Никола од Битола за CRNOBELO.com.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-01.jpg

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, вратата на својот дом ни ја отвори семејството Божинови од Битола, кое секоја година се труди да остави силен впечаток кога е во прашање украсувањето и декорирањето на домот за време на Новогодишните и божиќните празници.

Живеат во куќа на два ката, и секоја година нивниот дом е претворен во различна новогодишна бајка.

Разговаравме со едниот член од семејството, Никола Божинов стоматолог по професија, кој ни раскажа детално за новогодишниот и божиќен декор во нивниот дом.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-15_copy.jpg

„Да бидам искрен секоја година фамилијарно се трудиме да направиме нешто различно, ново и интересно вложувајќи многу труд, креативност и идеи.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-02.jpg

Морам да кажам дека често нашите блиски пријатели и роднини благо речено ни се чудат бидејќи вложуваме толку труд и дека дури и најмалото ќоше во домот го украсуваме.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-03.jpg

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-04.jpg

Куќата ни е на два ката, па поради тоа имаме три елки кои секоја година тематски ги декорираме.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-05.jpg

Изминатите години акцентот на декорирањето го ставаме на салонот, бидејќи е навистина голем, и кога влегувате во куќата е прв на удар и највидлив. Па така, секогаш најголемата елка ја поставуваме во салонот.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-06_copy.jpg

Минатата година бидејќи во тренд беше розовата боја одлучивме елката и сè околу неа да биде во тој стил.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-07.jpg

Oваа година салонот го претворивме во една божиќна кројачка работилница. Направивме елка во форма на женска креација, додека, пак, старата ретро машина за шиење од мојата баба ја претворивме во вистински новогодишен украс.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-08.jpg

Околу украсувањето се трудиме и работиме заеднички сите фамилијарно. 

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-09.jpg

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-10.jpg

Често идеите ги даваме јас и мојот брат, додека во реализацијата најмногу ни помага мајка ми, а татко ми е секогаш тука кога треба нешто да се изработи или, пак, монтира.

Впрочем, од него го имаме крајниот суд дали сме завршиле добра работа во украсувањето.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-11.jpg

Иако изгледа како да даваме премногу пари за украси, би додал дека во нашата фамилија имаме традиција каде секоја година мораме да купиме барем по некој украс.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-12.jpg

Па така, најголемиот број од лампионите и украсите се собирани години наназад, уште кога моите родители ја купиле првата елка и кога имале само десетина лампиони на истата.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-13_copy.jpg

Често инспирациите ги црпиме од социјалните мрежи, ги адаптираме според нашите услови и ги надополнуваме.

praznicna-bajka-vo-domot-na-semejstvoto-bozinovi-vo-bitola-novogodisno-ukrasena-kukja-koja-ostava-bez-zborovi-14.jpg

Божиќните и новогодишните празници за нас претставуваат најубавиот период од годината, па затоа се трудиме таа магија да ја пренесеме и во нашиот дом, и потполно да уживаме во истата".

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Б. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg