Кафуле со розово Фиќо во Вевчани е вистинска новогодишна бајка (фото)
- Детали
- четврток, 07 декември 2023
Кафулето со розово Фиќо во Вевчани секоја сезона изгледа поинаку. Пред новогодишните празници тоа е совршено украсено, а многумина велат дека тука се прават највеселите фотки за на Инстаграм.
Кафулето „Club ZI“ во Вевчани е препознатливо по своето розово Фиќо и е едно од омилените места за фотографирање на секој што ќе дојде во селото.
Сопствениците секоја сезона со многу љубов прават нова тематска декорација.
Пред почетокот на оваа празнична сезона, го украсија со новогодишна елка со розови лампиони и розови машни, а тука се и розовата телефонска говорница и големиот Дедо Мраз.
А тие порачаа:
„Се гледаме на најубавата новогодишна бајка во Вевчани. Празници се ближат...“
Пред ова интересно кафуле секогаш стои Фиќото, кое во дел од годината е украсено со цвеќе, во дел со тикви и есенски детали, а во зима е снежна идила со елка врз него.
А. Ј. | Црнобело