Во празнично уредениот дом на актерката Маја Илиевска во Битола, со доминација на бела боја и златни детали

„Секоја година ја дополнувам и по малку менувам колекцијата на украси со кои го декорирам мојот дом. Сè што сум купила или добила на подарок, ми буди убави емоции, а го поврзувам со различните фази од растењето на мојот син“, вели актерката  Маја Андоновска Илијевски за CRNOBELO.com.

vo-praznichno-uredeniot-dom-na-akterkata-maja-ilievska-vo-bitola-so-dominacija-na-bela-boja-i-zlatni-detali-01.jpg

Актерката, Маја Андоновска Илијевски, која воедно е и директор на НУ Центар за култура во Битола, има прекрасно уреден празничен дом.

Во куќата, во којашто живее со сопругот и синот, сè е украсено уште од почетокот на декември, а доминираат украси во бела боја.

Просторот дише со топлина, а Маја вели дека е многу среќна кога во времето на празниците, тука го поминува времето со саканите личности.

vo-praznichno-uredeniot-dom-na-akterkata-maja-ilievska-vo-bitola-so-dominacija-na-bela-boja-i-zlatni-detali-08.jpg

За празничното уредување на куќата во Битола, Маја ни раскажа низ разговорот за CRNOBELO.com:

„Најубавиот период од годината се празниците, а за мене е вистинска радост да го украсам домот и да уживам во магијата на миговите поминати со семејството.

Синот ми се вика Николај, па имаме и семејна слава Св. Никола, и воедно именден кога ни доаѓа најблиското семејство на вечера.

Божиќ, пак, е именден на мојот сопруг Ице и во тоа време куќата е отворена за сите наши роднини и пријатели.

Со оглед на динамиката која ни ја задава животот, ова се празници кои нè зближуваат, нè собираат, но се и празници кои нè потсетуваат на убавината на градење топли спомени.

vo-praznichno-uredeniot-dom-na-akterkata-maja-ilievska-vo-bitola-so-dominacija-na-bela-boja-i-zlatni-detali-12.jpg

Што се однесува до украсувањето, секоја година ја дополнувам и по малку менувам колекцијата на украси со кои го декорирам мојот дом.

Сè што сум купила или добила на подарок, ми е драго и ми буди убави емоции, а го поврзувам со различните фази од растењето на мојот син.

Секогаш сакам просторот да ми е во складни бои, па така си играм и со украсите.

vo-praznichno-uredeniot-dom-na-akterkata-maja-ilievska-vo-bitola-so-dominacija-na-bela-boja-i-zlatni-detali-10.jpg

Некако во овој период преовладува белата боја искомбинирана со сребрено и златно.

Ова ме асоцира на зимата и снежниот зимски период.

Елката секоја година јa украсувам сама, како изненадување за син ми, а неговата соба ја украсуваме заедно.

Сопругот, пак, го осветлува и украсува дворот на семејната куќа“.

Погледнете повеќе фотографии од празничниот дом на Маја:

vo-praznichno-uredeniot-dom-na-akterkata-maja-ilievska-vo-bitola-so-dominacija-na-bela-boja-i-zlatni-detali-04.jpg

vo-praznichno-uredeniot-dom-na-akterkata-maja-ilievska-vo-bitola-so-dominacija-na-bela-boja-i-zlatni-detali-11.jpg

vo-praznichno-uredeniot-dom-na-akterkata-maja-ilievska-vo-bitola-so-dominacija-na-bela-boja-i-zlatni-detali-07.jpg

vo-praznichno-uredeniot-dom-na-akterkata-maja-ilievska-vo-bitola-so-dominacija-na-bela-boja-i-zlatni-detali-06.jpg

vo-praznichno-uredeniot-dom-na-akterkata-maja-ilievska-vo-bitola-so-dominacija-na-bela-boja-i-zlatni-detali-03.jpg

vo-praznichno-uredeniot-dom-na-akterkata-maja-ilievska-vo-bitola-so-dominacija-na-bela-boja-i-zlatni-detali-05.jpg

vo-praznichno-uredeniot-dom-na-akterkata-maja-ilievska-vo-bitola-so-dominacija-na-bela-boja-i-zlatni-detali-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...
Во домот на Катерина: Стан во Аеродром од 48m2, со кујна во пастелна минт боја и многу цвеќиња „Кога го купував станот, еден од одлучувачките фактори беше самиот распоред на с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg