„Идејата потекнува од нашите патувања по медитеранските земји, од чиј стил се преземени архитектурата, боите и уредувањето. Куќата е на четири нивоа, со 5 спални соби, 5 бањи, дневна, кујна, но и детска игротека во поткровјето. Има подрум, спа дел со сауна и турска бања, и дел за фитнес“, вели Оливер Димитровски за својот дом.