По многуте патувања и динамичниот стил на Симона Калица (25) дури и темпото на живот во Битола ја изморувало, па така одлучила да се пресели во семејната викендичка во село Магарево на Пелистер, која ја реновирала сама со помош на нејзината сестра. „Од тогаш, па се до денес, веќе 3 години сум таму и мирот што ми го дава самото опкружување, природа и планина, мислам дека за ништо на светот не би ги сменила...“, вели Симона за CRNOBELO.com.