Најубавата новогодишно украсена куќа во Македонија е во Дојран (фото)
- Детали
- петок, 23 декември 2022
Во Дојран има куќа која е толку убаво накитена што во вас ќе разбуди детска радост во овој магичен празничен период.
Ангелина Митаноски, по професија забен техничар, живее во семејна куќа во Нов Дојран со сопругот Перо и синчето Алек.
И таа и сопругот имаат око за естетика, па нивниот дом секоја година е вистинска божиќна бајка.
Веќе имаме видено како бајковито изгледа нивниот дом внатре во празничниот период, но сега да видиме како изгледа тој однадвор.
Со елка, лампиони, Дедо Мразовци и многу венчиња и сијалички, дефинитивно е сцена која буди детска радост во нас.
Видео од домот на Ангелина и Перо:
Погледнете како изгледа нивниот дом На гости кај Ангелина и Перо Митаноски: Новогодишна магија во семејна куќа во Дојран (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело