На гости кај Сузана: Семејна куќа во Охрид oд 600m2 со ограда од ковано железо и неокласичен стил (фото)

„Идејата за стилот (неокласика) и целокупниот ентериер е моја во консултација со мојот сопруг. Имаме 4 спални соби или со други зборови 3 детски соби и една спална соба која ја делиме јас и мојот сопруг.  Секоја спална соба има свое купатило. Идејата ми беше секој да си има своја приватност. За нас главен и многу практичен влез е оној преку гаражата, која е дел од подрумот“, споделува Сузана Бакреска (42) од Охрид за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-suzana-semejna-kukja-vo-ohrid-na-2-kata-so-ograda-od-kovano-zhelezo-foto-01.jpg

Сузана Бакреска (42) е мајка на три деца сопруга и бизнисмен и во моментов живее со нејзиниот сопруг Наум и синот Јован во Охрид, населба Охридати, додека нејзините две ќерки се во Канада на факултет.

Нејзиниот дом е двокатна куќа од 600m2, уредена во неокласичен стил и прилагодена за 5-члено семејство.

Сузана за уредувањето на нејзиниот дом открива за CRNOBELO.com:

„Живееме во куќа која е многу функционална и која е изградена за потребите на моето петчлено семејство. Куќата е на два ката и има подрум.

na-gosti-kaj-suzana-semejna-kukja-vo-ohrid-na-2-kata-so-ograda-od-kovano-zhelezo-foto-02.jpg

Првиот кат е од отворен тип. На самиот влез во претсобјето се наоѓаат гостинскиот тоалет и мојата канцеларија која сè уште е недовршена.

na-gosti-kaj-suzana-semejna-kukja-vo-ohrid-na-2-kata-so-ograda-od-kovano-zhelezo-foto-03.jpg

Овој дел е дискретно одделен од гостинската соба со двокрилна француска врата која постојано е отворена и води до фамилијарната соба, кујната и терасата кои се наоѓаат на задниот дел од куќата.

na-gosti-kaj-suzana-semejna-kukja-vo-ohrid-na-2-kata-so-ograda-od-kovano-zhelezo-foto-11.jpg

Морам да нагласам дека главниот влез многу ретко го користиме.

na-gosti-kaj-suzana-semejna-kukja-vo-ohrid-na-2-kata-so-ograda-od-kovano-zhelezo-foto-07.jpg

За нас главен и многу практичен влез е гаражата, која е дел од подрумот. Поврзана е со претсобјето на подрумот каде се наоѓаат големи плакари наменети за секојдневните обувки и јакни.

na-gosti-kaj-suzana-semejna-kukja-vo-ohrid-na-2-kata-so-ograda-od-kovano-zhelezo-foto-06.jpg

Во подрумот имаме уште две големи соби. Едната е теретана а другата винарија. Подрумот со првиот кат е поврзан со внатрешни скали кои водат до кујната.

na-gosti-kaj-suzana-semejna-kukja-vo-ohrid-na-2-kata-so-ograda-od-kovano-zhelezo-foto-12.jpg

na-gosti-kaj-suzana-semejna-kukja-vo-ohrid-od-600m2-so-ograda-od-kovano-zhelezo-i-neoklasichen-stil-foto-002.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg