На гости кај пејачот Александар Јосифовски: Куќа во Охрид со пијано, камин од цигли и аристократски детали (фото)
- Детали
- сабота, 22 октомври 2022
„Идејата за уредувањето на домот беше фамилијарна, односно моја и на сопругата, а учество во уредувањето имаше и мајка ми. Сакавме да има аристократски шмек со дизајни како од минатото за да се чувствуваме убаво како на филм. Отсекогаш сум сакал да го направам тоа и еве конечно си го реализирав сонот“, вели Александар Јосифовски од Охрид, Македонецот кој се прослави во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Александар Јосифовски од Охрид e рок изведувач кој заврши како второпласиран во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, потоа сними дует со колешката Белма Хусеинефендиќ, а периодов е на турнеја во САД.
Тој реди музички успеси, но за него коцките доаѓаат на свое место и на приватен план.
Александар пред извесен период го финализираше уредувањето на вториот кат од семејната куќа во Охрид, каде живее со својата сопруга Теодора.
Уредувањето е уникатно со аристократска нота и чувство како во некои минати времиња. Се разбира, тука е и пијаното како сведоштво на љубовта на Александар кон музиката.
За уредувањето на неговиот дом, Александар открива за CRNOBELO.com:
„Идејата за уредувањето на домот беше фамилијарна, односно моја и на сопругата, а учество во уредувањето имаше и мајка ми.
Идејата беше да има аристократски шмек со дизајни како од минатото за да се чувствуваме убаво како на филм. Отсекогаш сум сакал да го направам тоа и еве конечно си го реализирав сонот.
Но, мора да признаам самиот процес на уредување беше навистина макотрпен.
Тешко е кога треба да се договори каква боја да биде, што да биде, па јас изигрував мајстор од тоа каков тип да биде ѕидот, па до лајсни и сите детали.
Пред сè идејата беше да се направи топол дом со убава атмосфера и светлина. За мене светлината е клучна.
Почнавме со столбови во аристократски грчки стил.
Целиот процес беше како една сложувалка, ова одговара со тоа, ова не и сето тоа траеше околу 2,3 месеци. Сега сè е комплетирано.