На гости кај пејачот Александар Јосифовски: Куќа во Охрид со пијано, камин од цигли и аристократски детали (фото)

Голем дел од изборот на детали беа на мојата сопруга Теодора, а и мојата мајка беше вклучена, па патувавме низ разни градови низ Македонија.

na-gosti-kaj-pejachot-aleksandar-josifovski-kukja-vo-ohrid-so-pijano-kamin-od-cigli-i-aristokratski-detali-foto-12.jpeg

Пример три дена баравме само лустери, додека не стигнавме до главниот што ќе ни се допадне.

Не е сè од едно место, а доста работи порачавме и од странство – како лајсни со резби изработени рачно, кои потоа се монтираат. Потоа, фарбањето на сите работи и слично сето тоа заеднички го правевме.

na-gosti-kaj-pejachot-aleksandar-josifovski-kukja-vo-ohrid-so-pijano-kamin-od-cigli-i-aristokratski-detali-foto-06.jpeg

Сега имам нарачано и статуи со висина од човек, неколку ангелчиња и жени, кои треба да пристигнат наредниот месец.

na-gosti-kaj-pejachot-aleksandar-josifovski-kukja-vo-ohrid-so-pijano-kamin-od-cigli-i-aristokratski-detali-foto-11.jpeg

Куќата има 3 ката, а овој вториот кат има камин и тој некако е централното место таму. Каминот некако стилски одговара на тоа едно старо аристократско време. Сè околу каминот има некој посебен шарм, изграден е со цигли.

na-gosti-kaj-pejachot-aleksandar-josifovski-kukja-vo-ohrid-so-pijano-kamin-od-cigli-i-aristokratski-detali-foto-10.jpeg

И секако има доста финеси кои допрва треба да се довршат. Сакам да се додадат и некои артефакти. Планирам на аукција да купам предмети кои ќе сведочат на некои постари времиња.

na-gosti-kaj-pejachot-aleksandar-josifovski-kukja-vo-ohrid-so-pijano-kamin-od-cigli-i-aristokratski-detali-foto-07.jpeg

Како омилен дел од домот, дефинтивно можам да го посочам моето студио.“

na-gosti-kaj-pejachot-aleksandar-josifovski-kukja-vo-ohrid-so-pijano-kamin-od-cigli-i-aristokratski-detali-foto-02.png

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Александра: Празнично украсен стан во Скопје, во кој е накитено дури и во кујната (фото... „Традиционално, украсувањето во мојот дом започнува од нејзиното височество - ел...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg