На гости кај Ване Маркоски: Стан во Сопиште на 540m надморска височина во минималистички стил
- Детали
- сабота, 06 јануари 2024
„Одлуката да се преселам малку подалеку од центарот на Скопје не беше тешка, имајќи ги предвид природата и чистиот воздухот овде. Скоро цела година го уредував станот, дел по дел. Од идеја до реализација, сè е мое и одговара на мојот темперамент и начин на живот“, вели водителот Ване Маркоски и ни откри детали за својот дом во Сопиште.
Телевизискиот и радио водител Ване Маркоски (36) од Тетово долги години живее во Скопје. На почетокот изнајмуваше станови под кирија и живееше со цимери, но повеќе од една година Ване има свој стан во населбата Сопиште. Станот е дел од комплекс згради кои имаат и свој базен.
Во неговиот дом има место за сè: за неговите три миленици, кучињата Аја, Буби и Смајли, за велосипедот кој често го вози за рекреација, за ситни детали кои го прават пријатно место за престој, но и за впечатливи уметнички дела кои му даваат топлина на минималистички уредениот простор.
Ване вели дека најубавата работа поврзана со станот е што се наоѓа на голема надморска височина, а воздухот е чист дури и кога градот е загаден.
А, за тоа како го уредил домот и кое му е омиленото катче, Ване сподели со CRNOBELO.com:
„Станот во кој живеам има 63m2 со супер голема тераса, а се наоѓа во Сопиште, на околу 540m надморска височина.
Тука живеам веќе година и половина. Одлуката да се преселам малку подалеку од центарот на Скопје и не беше толку тешка, имајќи ја предвид природата и чистиот воздухот во мојата околина.
Во принцип сум човек кој сака спорт, планини, ладно време, па живеењето блиску до град, а сепак на планина, едноставно ми го промени животот.
Скоро цела година го уредував станот, дел по дел.
Од идеја до реализација, сè е мое и одговара на мојот темперамент и начин на живот.
Омилено катче во домот ми е терасата, и во лето и во зима. Утринското кафе на планина, со поглед на градот во облаци и природа на сите страни е нешто за кое се каам што сум го пропуштал овие години.
Во домот доминира белата боја. Иако е во минималистички стил, има детали кои го дополнуваат целиот изглед на просторот.
Кујната е во црна боја, но контраст даваат елементите во тиркизно-сина боја.
Црната одлично одговара во комбинација со едниот ѕид со тули, но и со лустерите и ролетните во станот.
Дрвените елементи, пак, ја комплетираат целата слика за станот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





