Празнична магија во домот на семејството Митаноски во Дојран - Новогодишно украсена куќа која буди чувство на топлина
- Детали
- недела, 10 декември 2023
„Домот за претстојните празници го украсувавме два дена. Во дворот доминираат шарени сијалички и винтиџ стил на украсување, а внатре топло белите сијалички и стил кој одговара на самиот амбиент во куќата. Низ целиот дом доминира црвената боја и украси кои сме ги купувале низ годините“, вели Перо Митаноски од Дојран.
Еден од најубаво украсените празнични домови во Македонија, веќе неколку години наназад, е оној на Ангелина и Перо Митаноски во Дојран.
Куќата е вистинска магија, и однадвор и однатре, со стотици светилки, внимателно избрани украси и детали кои совршено се вклопуваат еден со друг.
Во нивниот дом владее вистинска празнична атмосфера од почетокот на секој декември, а украсите остануваат и по празниците.
За китењето на домот и дворот, на кој исто така обрнуваат посебно внимание, Перо раскажа за CRNOBELO.com:
„Огромна страст ни се декорациите. Домот за претстојните новогодишни и божиќни празници го украсувавме два дена.
Почнувавме во утринските часови, еден цел ден украсувавме внатре, а еден ден надвор.
Но, нам тоа не ни паѓа тешко, напротив, украсуваме со задоволство.
Стиловите надвор и внатре ни се различни.
Надвор (куќата и во дворот) доминираат шарените сијалички и тој винтиџ стил на украсување, а внатре топло белите сијалички и стил кој, според нас, одговара на самиот амбиент во куќата.
Низ целиот дом доминира црвената боја и украси кои сме ги купувале низ годините.
Некои од овие украси се и моја изработка.
Некои украси ги обновуваме секоја година, веднаш штом почнат да ги полнат рафтовите на продавниците.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





