Празнична магија во домот на семејството Митаноски во Дојран - Новогодишно украсена куќа која буди чувство на топлина
Купуваме украси и од маалските продавнички, и можам да кажам дека понекогаш можеби и поубави украси можат да се најдат таму, отколку во скапите продавници.
Инаку, додаваме и менуваме украси во текот на целиот новогодишен период.
Ги декорираме сите соби, но најмногу се фокусираме на дневната каде што го минуваме поголемиот дел од денот.
Таа е скоро секоја година иста, со некои помали и ситни измени, па со тоа ги дополнуваат минатогодишните и предминатогодишните украси. Од друга страна, надвор се трудиме секоја година да биде различно.
Годинава ни е нова санката на Дедо Мраз, која е изработена по мој дизајн и чекавме да ни ја изработат околу 15 дена.
Токму таа ми е и најомилена.
Изминатава година заедно со сопругата решивме моето хоби да добиe и име, па создадовме студио преку кое им помагаме на луѓето кои организираат сопствени настани, а кои сакаат тие да изгледаат фантастично, да ни се обратат нам, а нивните желби и фантазии за декорирање се претвораат во реалност“.
Погледнете видеa од празничниот дом во Дојран:
Повеќе фотки од домот на Ангелина и Перо:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело