Во викендичка на Иџе на Јабланица: „Внатре доминира каминот, во дворот садам индиски палми“
- Детали
- сабота, 15 март 2025
„Неколку години откако ја купивме куќата, докупивме уште малку дворно место, и тоа токму она каде што во минатото се наоѓала куќата во која живееле моите дедо, прадедо...“, вели Иџе, кој од пред 15 години има своја викендичка на Јабланица.
Трикратниот европски шампион во ридски патеки, Игор Стефановски Иџе, од страната на татко му, има корени во селото Горна Белица, кое се наоѓа во струшкиот регион.
Токму во ова планинско село, Иџе како дете го „крадел“ автомобилот од татко му и возел низ тесните планински патчиња.
Така, тој полека ја развивал љубовта кон ридските автомобилски трки.
Викендичката, која ја имаат околу 15 години, за Иџе е омиленото место за опуштање, каде што тој го наоѓа својот мир, кога не е на трка, или во својот дом во Скопје.
За нејзиното уредување, но и одржувањето на дворот (неговата омилена активност во селото), тој ни раскажа низ разговорот за CRNOBELO.com:
„Викендичката се наоѓа во Горна Белица, кое е повеќе викенд-село, односно викенд-населба над Струга, на планината Јабланица.
Селото е на надморска висина од околу 1.500m.
Ова е преубаво место од кое потекнуваат родителите на татко ми.
Тој е роден во Скопје, но сестра му, брат му, баба ми, дедо ми, сите потекнуваат од таму.
Тоа е место на кое сака да се собира целата фамилија.
Прво сите имавме една викендичка, но пред 15-ина години, јас и сопругата Еми, си купивме посебно друга викендичка, само наша.
Тоа е место каде што времето го поминуваме на најубав можен начин - во мир, смиреност, одмор, релаксирано.
Планината е стварно прекрасна и нема толку многу луѓе кои би ви го нарушиле мирот.
Викендичката го дели истиот двор со викендичката на татко ми.
Ја купивме направена, но со Еми направивме промени внатре за да биде онаква каква што си ја замисливме ние.
На долниот кат (викендичката е на два ката) доминира камин, што е нормално за планинска куќа, бидејќи асоцира на топлина.
Во уредувањето има многу дрво, а боите се повеќе на кафеаво.
Таква боја е и гарнитурата - сакавме да биде смирувачки и да одговара на амбиентот што би требало да го има една планинска куќа.
Тука нема ниеден мој трофеј, чуваме само некои слики, но таму нема ништо поврзано со трките.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





