Во викендичка на Иџе на Јабланица: „Внатре доминира каминот, во дворот садам индиски палми“
Инаку, неколку години откако ја купивме куќата, докупивме уште малку дворно место, и тоа токму она каде што се наоѓала куќата во која во минатото живееле моите дедо, прадедо...
Дворот е навистина голем, а јас сум тој што ужива да го уредува.
Ја косам тревата, ги средувам деталите, сакам сè да е убаво, иако, искрено, сè помалку и помалку време имаме со обврските и трките кои ги имам на професионален план.
Во дворот секоја година садиме по нешто ново. Тоа се најчесто дрва кои можат да опстанат на климатските услови таму, бидејќи во зима е и многу студено и има многу снег.
Имаме индиски палми, едни интересни и несекојдневни дрва, со преубави бои, особено во есен.
Тогаш листовите се во некоја црвено портокалова боја и даваат магија на целиот тој простор.
Кога ја купивме куќата насадив и елки, кои се досега многу пораснати.
Уживам и многу се радувам кога нешто што ќе насадам ќе израсне во нешто поголемо, или кога гледам дека издржало и покрај климата.
Мислам дека брдските трки ме имаат привлечено бидејќи сум човек кој ја сака планината.
Ќе признам дека кога бев дете, на некои 10-12 години, скришно го земав возилото од татко ми и возев низ селото.
Тоа е место каде што нема фреквенција на возила, па секојдневно возев по малку, тренирав.
Затоа ми е и голема желба барем еднаш да поминам со тркачкото возило низ тие патеки, чисто рекреативно, за да се вратам на моите почетоци, но и за промоција на тој дел од Македонија.
Не можам да одвојам кога ми е поубаво, дали на лето или на зима, подеднакво уживам во престојот таму бидејќи има неверојатна енергија.
Но, за крај можам само да кажам дека викендичката и целиот тој предел за мене имаат некоја посебна енергија, бидејќи корените ми се токму оттука“.
Погледнете повеќе фотографии од викендичката и селото Горна Белица:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





