Ресторан во Будимпешта кој ќе ве врати во минатото – раскошен ентериер за најубавите Инстаграм фотки
- Детали
- недела, 29 декември 2024
Една од омилените атракции на туристите во Будимпешта е локалот New York Café каде можете да седнете на шолја кафе, но и на ручек или вечера.
New York Café важи за најубавиот локал во Будимпешта, а според туристите, ова е и еден од најубавите локали во светот.
Можете да отидете на шолја кафе или коктел, но можете и да пробате нешто од вкусните специјалитети.
Само, поради огромниот интерес, доколку сакате да одите на ручек или вечера, ќе треба да резервирате маса на линкот ТУКА.
Резервации се прават само по 18:00 часот, додека пред тоа ќе бидете услужени доколку има место.
Раскошниот ентериер на ресторанот со многуте детали ќе ве врати во минатото.
Долниот кат е огромен и наликува на балска сала, додека одоколу има и балкон од каде можете да ги направите најубавите Инстаграм фотки.
Локалот стана едно од омилените места за туристите во Будимпешта и атракција која мора да се види во престолнината на Унгарија.
Повеќе фотки во продолжение: