На гости во редакцијата на CRNOBELO.com: Имаме ѕид на среќата, ведри бои и тука ни е „втор дом“
- Детали
- сабота, 07 декември 2024
Нè радува нашиот ѕид на среќата (кој ни го нацрта со шарени креди најмалата и најслатка гостинка во редакцијата), а имаме и полица на успеси каде се и нашите шолји, кои традиционално си ги 'печатиме' секоја година од 2012-та (а постоиме од далечната 2008-ма). Ајде, на гости во нашата редакција...
Постоиме од 2008 година и веќе 16-та година по ред ја градиме нашата успешна приказна, но никогаш не стоиме во место.
Од постојано внесување нови теми и серијали до константно зголемување на тимот, CRNOBELO.com расте од ден на ден.
Второ дома ни е нашата редакција со адреса во срцето на Скопје и одлучивме да ги отвориме нејзините „врати“ за вас, за нашите верни читатели.
Сакаме да ви дозволиме да ѕирнете во нашето креативно катче, катче од каде црпиме инспирација, каде разменуваме идеи и ги градиме нашите и ваши приказни.
И мора да признаеме, навистина ни е убаво, работата ни претставува задоволство, а вашиот позитивен фидбек - најголема награда.
На гости во редакцијата на CRNOBELO.com:
Насекаде е исцртано нашето лого CRNOBELO.com, со весели мотиви (од страна на графичкиот дизајнер Indog).
Имаме ѕидови во силни бои (жолт и тиркизен).
Имаме ѕид на среќата (кој ни го нацрта со шарени креди најмалата и најслатка гостинка во редакцијата).
Кај нас, секогаш е добро време за кафе или чај.
Секоjдневно будно следиме аналитика колку сме читани и тоа ни дава елан да бидеме уште почитани, подобри и поуспешни.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





