На гости кај мини инфлуенсерката „Прилепското чупе“: Празнично украсен дом со црвено-златна елка
- Детали
- понеделник, 02 декември 2024
„Заедно со ќеркичката Марија (4) украсивме низ игра и смеа и со пеење на новогодишни песнички“, вели мајката на „Прилепското чупе“ за CRNOBELO.com.
Марија е 4-годишна мини инфлуенсерка која живее во Прилеп и поради тоа е позната како „Прилепското чупе“ на Инстаграм.
Таа постојано презентира модни комбинации за девојчиња, а за фотографиите на Марија е задолжена нејзината мајка.
Нејзината мајка за CRNOBELO.com открива каква празнична атмосфера владее во нивниот дом во Прилеп периодов.
Таа вели:
„Заедно со ќеркичката Марија украсивме низ игра и смеа и пеење на новогодишни песнички.
Целиот процес на китење траеше неколку денови.
Со љубов и хармонија стигнавме до прекрасна домашна новогодишна бајка“.
Фотографии од домот на „Прилепското чупе“:
Прочитајте и 4-годишно девојче од Прилеп е модна инспирација на Инстаграм (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело