4-годишно девојче од Прилеп е модна инспирација на Инстаграм (фото)
Забавни аутфити и талент за позирање, запознајте ја малата Марија од Прилеп, која е хит на Инстаграм под прекарот „Прилепското чупе“.
Марија е 4-годишна мини инфлуенсерка која живее во Прилеп и поради тоа е позната како „Прилепското чупе“ на Инстаграм.
Таа постојано презентира модни комбинации за девојчиња, а за фотографиите на Марија е задолжена нејзината мајка.
Нејзината мајка споделува за CRNOBELO.com:
„Имавме профил со 12.000 следбеници, кој за жал е избришан од страна на Инстаграм, па поради тоа пред извесен период моравме да направиме нов профил на Инстаграм.
Среќни сме што имаме поддршка од многу луѓе и новиот профил брзо расте.
Првиот профил беше направен пред 4 години, односно само некој месец по раѓањето на Марија.
Марија сака да е секогаш дотерана и во секоја комбинација сака да вметне шешир или очила за сонце. Па, така очила за сонце имаме скоро во сите бои.
Самите слики и видеа што ги правиме ги правиме во вид на забава и игра и така добиваме најинтересни слики и видеа кој ги објавуваме на Инстаграм“.
Дел од стајлинзите на Марија:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело