Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото)

„Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава година опсесија ми се шарените фустани, дигресија на правилото дека доколку си плус-сајз треба да носиш само црна облека“, вели Јасминка Петрова од Скопје.

jasminka-e-modna-plus-sajz-zhena-od-skopje-obozhava-crven-karmin-i-shareni-fustani-foto-01.jpg

Јасминка Петрова, по професија е дипломиран правник, но моментално не работи според струката, сепак ја обожава својата работа, каде предноста е што работи со млади луѓе и тоа за неа е бесценето.

Јасминка по природа е дружељубива и комуникативна личност, со широка насмевка и впечатлив моден стил.

Таа во слободно време го доусовршува грчкиот јазик, којшто ѝ е омилен, поради единствениот град на светот каде што би сакала да живее - Солун.

За нејзиниот моден стил таа споделува за CRNOBELO.com:

„Опседната сум со купување и комбинирање на разни комбинации за различни пригоди. Понекогаш мислам дека мојата опседнатост е преголема, но желбата да се биде уникатен е пред сè.

jasminka-e-modna-plus-sajz-zhena-od-skopje-obozhava-crven-karmin-i-shareni-fustani-foto-29.jpg

Се водам според мотото дека е подобро да задоцнам, отколку да се појавам навреме несредена.

jasminka-e-modna-plus-sajz-zhena-od-skopje-obozhava-crven-karmin-i-shareni-fustani-foto-05.jpg

Интересно е како, иако многу ретко се случува да излезам без шминка од дома, токму тогаш штом излезам од влез има список на лица кои не би сакала да ги сретнам во такво издание, но задолжително се појавуваат пред мене.

devojka-od-skopje-so-vpechatliv-moden-stil-obozhava-crven-karmin-i-silni-boi-foto-03.jpg

jasminka-e-modna-plus-sajz-zhena-od-skopje-obozhava-crven-karmin-i-shareni-fustani-foto-13.jpg

Инаку, обожавам да патувам, но пакувањето за патувања ми е посебна приказна. Легендата вели дека некогаш ќе успеам да се спакувам во еден рачен багаж.

jasminka-e-modna-plus-sajz-zhena-od-skopje-obozhava-crven-karmin-i-shareni-fustani-foto-10.jpg

Омилен град ми е Рим и омилена земја Италија. Имам среќа почесто да ја посетувам поради тоа што дел од моето семејство живее во Милано.

devojka-od-skopje-so-vpechatliv-moden-stil-obozhava-crven-karmin-i-silni-boi-foto-07.jpg

Секое мое патување е посебна модна приказна, каде сакам да имам различна комбинација за секој ден, за секоја пригода, и сето тоа да го доловам преку убава фотографија, бидејќи мојата мајка често велеше дека фотографиите се спомен којшто останува засекогаш и треба да се внимава какви фотографии се објавуваат.

jasminka-e-modna-plus-sajz-zhena-od-skopje-obozhava-crven-karmin-i-shareni-fustani-foto-18.jpg

Омилен дел од патувањата ми се погледите од прекрасните руфтоп барови, додека во едната рака го држам моето омилено кафе, а тоа се гледа и од моите фотографии.

jasminka-e-modna-plus-sajz-zhena-od-skopje-obozhava-crven-karmin-i-shareni-fustani-foto-20_copy.jpg

Исто така, неизоставен дел од секое патување ми е шопингот, во којшто исклучиво уживам додека сум сама.

jasminka-e-modna-plus-sajz-zhena-od-skopje-obozhava-crven-karmin-i-shareni-fustani-foto-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
4-годишно девојче од Прилеп е модна инспирација на Инстаграм (фото) Забавни аутфити и талент за позирање, запознајте ја малата Марија од Прилеп, кој...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
Која е младата грофица што ги засени и најубавите жени на Модната недела во Милано? Изгледа како бунтовна и модерна Грејс Кели, а никој не останал рамнодушен на неј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg