Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз?
Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смело деколте. Џиџи Хадид блесна во златен фустан, додека Кејт Мос се одлучи за скромно издание. Што носеа познатите манекенки на ревиите од Модната недела во Париз?
Деновиве Париз е градот каде што се собираат речиси сите модни авторитети, кои имаат можност да ги проследат модните ревии на познатите брендови, во рамки на Модната недела.
Очекувано, речиси на секое шоу, односно ревија, присуствува по некоја од познатите манекенки, која е задолжена да помогне за промоцијата на брендот, а секоја од нив на свој начин привлече внимание со аутфитот што го носеше.
Што облекоа познатите манекенки на модните ревии во Париз?
Џиџи Хадид (29) се појави во краток златен фустан на забавата на Rabanne, а со аутфитот му оддаде почит на најпознатиот парфем на брендот, 1 Мillion.
Ирина Шајк, пак, присуствуваше на ревијата на Schiaparelli пролет/лето 2025, а за таа пригода избра кратки кожени пантолони, со проѕирни црни хулахопки и кратка кожена јакна.
Целиот изглед го надополни со кафеави чизми со високи потпетици.
На истото модно шоу беа и сестрите Кајли и Кендал Џенер. Додека манекенката Кендал беше закопчана до врат во есенско палто, сестра ѝ Кајли, носеше припиен црн фустан со бели рамки околу вратот и на рамената.
Во преден план на познатата ријалити ѕвезда беше нејзиното смело деколте, а целиот изглед го надополни со волуменозни златни белегзии.
Во близина на хотелот The Ritz беа фотографирани и британските убавици Кејт Мос и Роузи Хантингтон Вајтли, пред да се упатат кон модните ревии.
Додека модната ветеранка Кејт Мос (50) се одлучи за поскромно издание со класични панталони, блејзер со дезен и црна марама, нејзината помлада колешка се појави во посмело издание.
Роузи на себе носеше мрежести хулахопки и мрежест топ, а во преден план беа нејзините долги нозе.
Прочитајте и Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвременска
Погледнете повеќе фотографии во галеријата:
Б. С. Б. | Црнобело