Како Кејт Мидлтон успева да носи иста облека неколкупати, а да изгледа различно?
Британската принцеза иако има многу пари, огромен плакар, облека која ѝ ја нудат познати дизајнери, честопати знае да облече фустан или капут кои веќе ги носела, а сепак тие да изгледаат поразлично од претходно.
Кејт Мидлтон е „кралица на рециклираната облека“.
Таа повеќепати знае да облече едно парче облека, а сепак да не изгледа исто како претходниот пат кога го носела.
Како ѝ успева?
Кејт е љубител на аксесоари, па се случува да комбинира некое парче со различни чанти и чевли, да стави повпечатлив накит од претходно или накитот да е минималистички.
Taa знае да додаде ремен на тоа што го носи или, пак, впечатлива чанта.
Некогаш идната британска кралица во рацете носи букет цвеќе наместо чанта, па и тоа му дава поинаков изглед на нејзиниот стајлинг.
Во продолжение неколку модни комбинации кои се исти, а сепак делуваат различно една од друга:
A. J. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





