8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари)
Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка бр. 2 – ланчиња кои висат до под градите, натрупани со секакви сувенири.
Накитот и додатоците го прават стајлингот повпечатлив и интересен, но доколку погрешите со изборот, може да го добиете спротивниот ефект.
Со само едно погрешно парче накит може да го уништите целиот изглед или да направите да изгледате постаро.
Иако не постои универзално правило за сите и секој треба да го следи својот стил, доколку сакате да се држите до сигурни опции, проследете ја листата во продолжение.
Накит кој може да го уништи изгледот и да ве направи постари:
Брош на ревер
Иако е класика, сепак се поврзува со постари трендови, а сега има покул начини на носење на овој накит.
Премногу прстени на иста рака
Кога ќе се претера со накит, посебно со прстени, може да оддадете впечаток на повозрасна личност или личност без вкус. Одберете еден или неколку, но не толку провокативни прстени.
Геометриски форми на обетки
Заоблените обетки се поврзуваат со младешки изглед и може да додадат нежност на карактеристиките на лицето, додека пак геометриските форми се поспецифични и може да делуваат старомодно.
Кичести, натрупани бразлетни
Избегнувајте натрупани бразлетни, кои делуваат детски, старомодно и несериозно и наместо тоа бирајте елегантни, нежни модели кои се комбинираат лесно со секаков стајлинг.