8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар

Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во секоја пригода, а оваа сезона доминираат едноставните модели.

8-parchinja-letna-obleka-koi-mora-da-gi-imate-vo-svojot-plakar-01.jpg

Како што доаѓаат топлите денови, така почнуваме да ја вадиме летната облека од плакарите и се радуваме што конечно ги тргаме настрана дебелите парчиња, а без проблем можеме да носиме нешто кратко и тенко.

Иако во вашиот плакар сигурно има сè и сешто, ова се 8 парчиња кои дефинитивно мора да ги имате и кои вредат за секој денар што сте го потрошиле за нив.

А ако нешто од ова немате, тогаш можеби е време да се подновите малку.

Многу кратки шорцеви

Летото е совршено време да ги покажете нозете, па затоа одберете многу кратки шорцеви кои ќе ви ги покриваат бутовите.

Не се фокусирајте на тексас шорцеви, туку на модели изработени од сатен, памук или кашмир.

А, за да изгледате модерно, изберете маичка или кошула во истата боја.

8-parchinja-letna-obleka-koi-mora-da-gi-imate-vo-svojot-plakar-05.jpg

Долго проѕирно здолниште

Долгите проѕирни здолништа изработени од свила, тул или тантела веќе неколку сезони се во мода.

Тие ќе бидат во тренд и оваа година, па ако и понатаму немате вакво здолниште во плакарот, можеби треба да си купите.

Освен што делува елегантно, ги истакнува нозете поради проѕирниот материјал од кој е изработено.

8-parchinja-letna-obleka-koi-mora-da-gi-imate-vo-svojot-plakar-07.jpg

Кратки панталони од подебел материјал

Ако не сакате облека од лесни материјали, бидејќи ви го исцртува телото и не ви се допаѓа како ви стои, тогаш во вашиот плакар треба да има барем едни кратки панталони направени од подебел материјал.

Тие одлично се комбинираат со кошула и палто, па доколку работата ви го дозволува тоа, може да ги носите дури и во канцеларија наместо долги панталони.

8-parchinja-letna-obleka-koi-mora-da-gi-imate-vo-svojot-plakar-03.jpg

Фустан со низок струк

За торзото да ви изгледа поиздолжено, оваа сезона изберете фустан со низок струк.

Ова е едно од оние парчиња кои ќе бидат во мода летово и ќе ги заменат здолништата и фустаните со висок струк, кои стојат на(д) папокот.

8-parchinja-letna-obleka-koi-mora-da-gi-imate-vo-svojot-plakar-08.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg