7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас
Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите во излог отколку на нас (и треба да го избегнуваме)?
Модните дизајнери постојано креираат нови типови облека, создаваат интересни дизајни и аутфити кои се во тренд тековната сезона и стојат гордо на излозите во продавниците.
Но, понекогаш, тоа што го гледаме на куклите во излозите им стои добро само на куклите, а не и на нас.
Некои парчиња облека, иако ни се прекрасни и сакаме да ги носиме, сепак треба да ги избегнуваме.
Знаете ли кои се тие?
Беби-дол фустани
Иако овој тип на фустан можете да го најдете во многу продавници, сепак тој е соодветен само за девојките кои се високи и многу слаби.
Самиот крој со пресеченото парче под градите и широките ракави, прават фустанот визуелно да ви додава килограми, но и да ви ги „крати“ нозете, па да не делувате привлечно.
Облека за која не треба градник
Во оваа категорија спаѓаат фустаните и кроп-топовите без прерамки, моделите „со едно рамо“ и облеката со гол грб.
Иако на куклите изгледаат одлично, многу жени и да ги облечат, нема да се чувствуваат пријатно без градник.
Како ќе ви стои некое од овие парчиња облека, во реалноста најмногу зависи од обликот, големината и цврстината на вашите гради.
Кроп-топ
Насекаде околу вас гледате девојки кои носат кроп-топ, но и исти такви модели во продавниците за облека.
Ова парче е совршено за тинејџерките и за помладите девојки, кои имаат цврсто и мазно торзо, па можат да го покажат без проблем голото стомаче.
Но, не е соодветен ако имате малку сало и вишок килограми, бидејќи само ќе ги нагласи несовршеностите на телото.
Капри панталони
Иако стилистите упорно велат дека капри панталоните се најлошиот моден избор (освен ако немате долги и тенки нозе), за многу жени тие и понатаму се прв избор.
Капри моделите ја скусуваат ногата, па затоа е подобро да изберете панталони или фармерки кои ќе бидат до над глуждот и изгледаат многу подобро.
Бермуди високо над колена
Бермудите веднаш над колено или кратките панталончиња до под задникот се многу подобра варијанта отколку бермудите кои се високо над колено.
Овој модел не е воопшто привлечен, особено ако самите колена ви се дебели од страните, па на овој начин доаѓаат до израз.
Ако немате тенки нозе (како куклите во излозите), избегнувајте ги.
Металик облека
Сјајните, металик парчиња облека додаваат килограми - ова се однесува и на сатенските фустани и на мини здолништата.
Па колку и да се популарни во моментов или ви изгледаат привлечни кога ќе ги видите во излог, можеби е подобро да не ги купувате.
Летна плетена облека
Плетените кроп-топови, блузите на прерамки или плетените здолништа се меѓу парчињата облека кои делуваат совршено во излог, но не и кога ќе ги облечете.
Па, ако навистина не ви стојат совршено, како на куклите во излогот - не ги купувајте.
А. Ј. | Црнобело