Облека и модни додатоци кои се секогаш тренди (и треба да ги имате во гардероберот)
Морнарски маички (или џемпери) и црн кожен колан – некои парчиња и модни додатоци се секогаш „ин“ и вреди да платите и повеќе за нив.
Бидејќи трендовите се менуваат навистина брзо, сигурно не сакате да платите мало богатство за облека која ќе биде хит само една-две сезони.
Но, постојат парчиња облека чија популарност не се намалува. Или, ако некој период ги заборавиме, по некоја година повторно се враќаат на модната сцена.
Облека и модни додатоци кои треба да ги имате во гардероберот:
Маица-фустан
Едноставниот таканаречен маица-фустан е совршен за лежерни комбинации.
Изгледа одлично со патики, но и со сандали или влечки, па и чизми.
Маичка (или џемпер) со сини линии
„Морнарските“ маички и џемпери се уште еден тренд што никогаш не исчезнува.
Лесно можете да ги вклопите во лежерни комбинации, додека маичките изгледаат мошне добро и во комбинација со сако.
Кожена јакна или мантил
Кожените јакни се тренд што доминира со години.
Изминативе година-две доста популарни стануваат и долгите кожени мантили.
Одлични се за во есен, но можете да ги носите и со пролетни комбинации за вечерни излегувања или кога температурите се пониски.
Плетен фустан
Кога се двоумите што да облечете во постудените денови, нема да погрешите со плетен фустан.
Но, плетените фустани не се само за во зима.
Денес има безброј памучни модели кои се потенки, па можат да се вклопат и во комбинации за потопло време.