Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)?

Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна облека врз хулахопки, Катарина Ивановска носи дизајнерска креација од која ѕирка долната облека... Дали стајлингот само со долна облека тивко стана нов тренд?

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-01.jpg

Славните дами прославуваат многу храбри и необични трендови, но во последно време се популаризира излегување од дома само по долна облека.

Иако беше делумно прифатливо кога моделите заради некоја модна кампања и фотосесија позираа и шетаа во долна облека по улица, сега станува збор за нешто сосема друго.

Тие не одат по долна облека само на фотосесии и вечерни модни настани на црвен тепих, туку почнуваат да го бираат овој стајлинг за секојдневни излегувања.

Ирина Шајк на Кански фестивал 2023 се појави во минималистичка долна облека, со проѕирна наметка и црн блејзер.

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-13.jpg

Бела Хадид беше забележана како ужива во парче пица додека шета по шорцеви што наликуваат на гаќи-боксерки.

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-07.jpg

За (веројатно поранешната) сопруга на Канје Вест, Бјанка Сенсори, веќе знаеме дека нема каде се нема појавено во голо издание, по долна облека.

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa.jpg

Тејлор Свифт, Кајли и Кендал Џенер, Рита Ора, Џулија Фокс и многу други се исто така дел од „движењето“ кое храбро го промовира трендот на долната облека како (речиси) единствено парче облека на себе.

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-12.jpg

Овој тренд, во умерена доза е популарен и кај Македонките, па така дизајнерката Стефанија Насеска Попадинец, на Shtip Fashion Days се појави во стајлинг без панталони, само со хулахопки.

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-03.jpg

Нашата, а светска манекенка, Катарина Ивановска, заблеска додека позираше во дизајнерска креација на Марков, каде под мрежастиот фустан и светкавиот блејзер, во фокус е долната облека. 

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-04.jpg

Креациите на дизајнерите на модните писти сè почесто ги изоставаат панталоните и моделите дефилираат по долна облека.

Токму тоа ја наметнува идејата кај славните дами почесто да бираат вакви стајлинзи не само за модни настани, туку и за најобични прошетки до бензинска пумпа. 

За некои овој тренд е ноќна мора, за други храбар моден погодок, но очигледно дека трендот е тука и славните девојки немаат намера да се откажат од него во скоро време.

Наметнати со јакна или мантил, дополнето со хулахопки или не, за црвен тепих или прошетка низ град, „исчезнувањето“ на панталоните во модните стајлинзи станува реално.

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-09.jpgКајли Џенер

Дали ова значи дека се поместуваат границите за тоа што е примерно, а што непримерно да се облече на обично излегување од дома? 

Уште неколку познати дами кои прошетаа низ град или по црвен тепих по долна облека:

Рита Ора

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-10.jpg

Тејлор Свифт

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-08.jpg

Кендал Џенер

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-06.jpg

Џулија Фокс

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-05.jpg

zoshto-slavnite-dami-shetaat-samo-po-dolna-obleka-i-pravat-trend-od-toa-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg