Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии?

Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Кои модни куќни направија копии на моделот што го носеа и Јелена Карлеуша и Јелена Ѓоковиќ?

papuchite-na-hermes-se-vistinski-hit-ova-leto-kade-gi-ima-najslichnite-kopii-01.jpg

Иако според многумина, овие папучи потсетуваат на некогашните влечки од ЧИК Куманово, сепак, голем број познати дами од светот и регионот се појавија во нив.

Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл минатото лето беше фотографирана со нив.

papuchite-na-hermes-se-vistinski-hit-ova-leto-kade-gi-ima-najslichnite-kopii-02.jpg

Пред извесен период Јелена Карлеуша и Јелена Ѓоковиќ се појавија во папучите што се сметаат за апсолутен хит за лето.

Станува збор за моделот Oran на модната куќа Hermes, кој се продава за цена од околу 800 евра.

Но, за да бидете модерни не мора да издвоите буџет како за постар користен автомобил.

papuchite-na-hermes-se-vistinski-hit-ova-leto-kade-gi-ima-najslichnite-kopii-04.jpg

Добрата вест е што сличен модел на папучи можете да најдете и за многу пониска цена (од 300 до 2.000 денари), затоа што голем број од попристапните модни куќи веќе извадија слични модели, кои се копии на познатиот бренд.

Некои го копираат препознатливиот горен дел со буквата „H“, други пак лансираа модели што се слични во удобноста и изгледот.

Погледнете неколку фотки во продолжение, па уверете се сами:

Sara Fashion

papuchite-na-hermes-se-vistinski-hit-ova-leto-kade-gi-ima-najslichnite-kopii-08.jpg

papuchite-na-hermes-se-vistinski-hit-ova-leto-kade-gi-ima-najslichnite-kopii-07.jpg

Sinsay

papuchite-na-hermes-se-vistinski-hit-ova-leto-kade-gi-ima-najslichnite-kopii-09.jpg

Zara

papuchite-na-hermes-se-vistinski-hit-ova-leto-kade-gi-ima-najslichnite-kopii-05.jpg

papuchite-na-hermes-se-vistinski-hit-ova-leto-kade-gi-ima-najslichnite-kopii-20.jpg

H&М

papuchite-na-hermes-se-vistinski-hit-ova-leto-kade-gi-ima-najslichnite-kopii-10.jpg

papuchite-na-hermes-se-vistinski-hit-ova-leto-kade-gi-ima-najslichnite-kopii-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Balenciaga продава обетки од 840 евра: Би носеле ли клучеви на ушите? „Што отвораат овие клучеви?“ Вака се шегуваат корисниците на социјалните мрежи, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg