5 хит модели на чанти за пролет 2025
Од чанти инспирирани од торбите за опрема за куглање до чанти со ремен на нив, што ќе биде ИН оваа сезона?
Кои се трендовите за чанти за пролет 2025? Планирате ли да се подновите со некоја?
Микро чантите полека ќе заминат во заборавот, а на модната сцена ни доаѓаат 5 други модели на чанти, според тоа што ни беше понудено на модните ревии.
Трендови за чанти за пролет 2025:
Чанти кои наликуваат на торбите за куглање
Овие чанти личат на торбите што се користеле за носење опрема за куглање.
Ова ќе биде најголемиот хит сезонава. Ги имаше на ревиите на Hermès, Jil Sander и Stella McCartney.
Овие чанти се заоблени или правоаголни, најчесто кожени и доаѓаат во разни големини - од мали за мобилен и клучеви до големи што собираат лаптоп.
Чанти со реси и нитни
Боемскиот изглед е во подем, па чантите од велур или кожа со реси и метални детали, како кај Isabel Marant и Valentino ќе бидат ИН.
Тие се одличен начин да додадете карактер на некој едноставен аутфит.
Чанти со невообичаени форми
Ќе бидат во тренд чанти во форма на тапан, школка, кутија за пица, риба и што уште не.
Овој разигран тренд се појави кај Louis Vuitton, Moschino и Amiri. Идеални се за оние што сакаат да се истакнат.
Чанти со ремен на нив
Класичниот Hermès Birkin модел доби нови интерпретации кај Miu Miu, Ferragamo и Prada.
Овие чанти се совршени за елегантен изглед.
Големи, волуменозни чанти
Acne Studios и Giambattista Valli потврдија - големите чанти се во мода повторно.
Практични и стилски, идеални за сите што носат многу работи со себе.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





