Нашата Сара блесна на гламурозна ревија за Dolce & Gabbana во Саудиска Арабија
Интернационалниот модел Сара Стои која веќе 4 години ја гради својата кариера, пред една недела настапи на божествената модна ревија на светски познатиот бренд Dolce & Gabbana во Ријад.
Маестрално организирана во Хитин Палата, дизајнерите ја покажаа нивната најнова колекција која вклучи накит, како и други модни додатоци.
Ревијата за Dolce&Gabbana беше клучен момент за нашиот модел да ја заокружи годината, бидејќи сите знаеме дека моделите сонуваат да бидат дел од еден ваков светски познат бренд.
„Сара Стои со својата грациозност и префинета убавина, полека, но сигурно го освојува модниот свет, а ние сме тука да ја поддржиме, да ѝ посакаме уште многу успеси и да бидеме горди на нејзиниот раскошен талент и убавина“, велат од Моделс ИН Менаџмент, матичната агенција на Сара во Македонија.
Нашиот прекрасен модел имаше исклучително успешна година работејќи ревии и на други познати модни брендови како Rocco Barroco, Laura Biagiotti и Hui.
Сара е дел од агенцијата на Јелена Ивановиќ (JS Management) која успешно ја застапува на светскиот моден пазар, па така минатата година склучи договор и со престижната модна агенција Next Management од Милано.
За потсетување, пред две години и Ивана Манас работеше ревија и кампања за овој дизајнерски двоец.