Какво влијание ќе има секој ретрограден Меркур во 2025-та?

Во 2025-та година Меркур ќе биде ретрограден трипати. На што треба особено да обрнете внимание и како да си ја испланирате годината за да ги избегнете негативните влијанија на планетата?

kakvo-vlijanie-kje-ima-sekoj-retrograden-merkur-vo-2025-ta-01.jpg

Дури и луѓето кои не веруваат многу во астрологијата, често знаат да кажат дека го чувствуваат влијанието на ретроградниот Меркур или некои неубави моменти да му ги припишат токму нему.

Па, исто како и во 2024-та, така и во 2025 година, ретроградниот Меркур ќе се појави трипати.

На кои датуми ќе почне и кога ќе заврши, но и какво влијание ќе има врз луѓето?

Првиот ретрограден Меркур во 2025 ќе трае од 15 март до 7 април

Овој период ќе донесе апатија, луѓето кои ќе бидат најпогодени ќе имаат чувство дека се безначајни во очите на другите и дека ништо не им оди од рака.

Целите кои „до вчера“ им биле јасни и испланирани, одеднаш губат значење, а работите како да им бегаат од рака.

Па наместо да се фокусирате на важните работи, ќе му се препуштите на моментот и нема да сакате да преземете одговорност за ништо.

Но, и покрај комплексноста на периодот, сепак ќе успеете да извлечете и нешто добро.

Па така, во овие денови ќе почнете повеќе да се грижите за својот изглед и за своето здравје.

kakvo-vlijanie-kje-ima-sekoj-retrograden-merkur-vo-2025-ta-02_copy.jpg

Вториот ретрограден Меркур во 2025 ќе трае од 17 јули до 11 август

Летниот ретрограден Меркур ќе донесе доза на конфликт и иритација меѓу луѓето.

Оние со кои сте во лоши односи (семејство, колеги, соседи) уште поизразено ќе ја покажуваат својата нетрпеливост кон вас и вие кон нив.

Ќе бидете тврдоглави, егото ќе ви биде поголемо од разумот.

Во овој период не е препорачливо да почнете нешто ново, ниту пак, да си ги трошите времето и енергијата обидувајќи се да го наметнете (или докажете) својот авторитет врз другите.

kakvo-vlijanie-kje-ima-sekoj-retrograden-merkur-vo-2025-ta-04.jpg

Третиот ретрограден Меркур во 2025 ќе трае од 9 до 29 ноември

Вашите амбиции ќе бидат огромни, а во овој период вие ќе си поставите цели кои сметате дека се невозможни, но сепак ќе дадете сè од себе за да ги реализирате.

Најголемите турбуленции ќе се случуваат на деловно поле, па во овие три недели се можни жестоки караници со колегите, недоразбирања со претпоставените или подредените.

Нема да сакате да направите ништо да ја „смирите топката“ и да ги подобрите односите со нив.

Искористете го ова време за личен развој, запишете се на некој бизнис курс, обновете си го знаењето во некоја област.

Одете чекор по чекор, и лесно ќе го поминете стресниот период.

kakvo-vlijanie-kje-ima-sekoj-retrograden-merkur-vo-2025-ta-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg