Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда?

Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се допаѓа да сте во центарот на вниманието.

chasot-na-ragjanje-gi-otkriva-vashite-skrieni-talenti-dali-ste-predodredeni-za-lider-ili-za-dzvezda-01.jpg

Часот во кој сте родени има големо влијание врз вашиот карактер.

А за да осознаат како часот на раѓање влијае на секоја личност, астролозите го поделиле денот на 12 циклуси и за секој од нив одредиле типови на личности.

Па, врз основа на вашето време на раѓање, проверете колку се точни нивните проценки.

Од полноќ до 02 часот

По природа сте многу љубопитни и постојано истражувате нови работи.

Без разлика колку пријатели и да имате, вашето семејство секогаш ви е на прво место.

Стабилноста и безбедноста ви се најважни во животот.

Иако на прв поглед изгледате затворено и недостапно за другите, тоа е ваша маска за да се заштитите од емоционалните рани.

Од 02 до 04 часот

Вредни сте и посветени на своето образование и усовршување.

И покрај фактот дека парите и материјалните добра не ви се најважната работа во вашиот живот, се чувствувате лошо кога ќе сфатите дека оние со кои работите го злоупотребуваат вашето знаење и вештини за лична корист.

Вие сте одлични говорници, благородни и љубезни.

Сакате да патувате, да читате и да пишувате.

Од 04 до 06 часот

За вас нема пречки за вас - дури и кога ситуацијата изгледа безнадежна, ќе најдете излез.

Вие сте штедливи, секогаш загрижени за иднината.

Среќни сте кога им помагате на другите луѓе и исклучително сте романтични.

Од 06 до 08 часот

Сочувствителни сте, снаодливи и најдобро се чувствувате во друштво на креативни луѓе кои ќе ве поттикнат за и самите да навлезете во нематеријалните сфери.

Имате големи очекувања од себе, но и од другите.

Многу ви е важно каков впечаток оставате на околината.

Од 08 до 10 часот

Вие сте голем љубител на самотијата, не ви се допаѓа да сте во центарот на вниманието.

Туѓите пофалби не го хранат вашето его.

Вие постојано барате внатрешен мир.

Сакате да им помагате на другите и да им пренесувате позитивна енергија.

Околината ве смета за ирационален оптимист, но вие сте убедени дека доброто секогаш мора да победи.

Од 10 до 12 часот

Енергични сте и подготвени да го промените светот околу вас во секој момент.

Вие сте многу комуникативни и знаете да бидете тимски играч.

Луѓето ве сметаат за посредник кој успешно ги „помирува завојуваните страни“.

chasot-na-ragjanje-gi-otkriva-vashite-skrieni-talenti-dali-ste-predodredeni-za-lider-ili-za-dzvezda-02.jpg

Од 12 до 14 часот

Вие сте амбициозни, одговорни и способни да најдете решение за повеќето проблеми - и за вашите и за проблемите на другите.

Важно ви е да бидете препознаени во општеството, а на работа претендирате да бидете на висока позиција, бидејќи верувате дека тоа го заслужувате поради вашето знаење, искуство и борбеност.

Понекогаш станувате толку опседнати со деловниот успех што ги запоставувате вашите сакани и пријателите.

Од 14 до 16 часот

Спаѓате во категоријата силни луѓе без кои животот би бил незамислив.

За вас нема непремостлива пречка, не постои проблем што не може да се реши.

Вие не сакате рутина - претендирате секој ден да го започнувате и да го завршувате на различен начин.

Важите за личност која има филозофски пристап кон секоја ситуација.

Од 16 до 18 часот

Ако постои личност која може со леснотија да го реши најтешкиот проблем, тогаш тоа сте вие.

Луѓето ве сакаат затоа што ги охрабрувате и ги поддржувате во најтешките моменти.

Од друга страна, се плашите целосно да се отворите пред другите, за да не ве изневерат.

Ова најмногу се однесува на љубовните врски.

Од 18 до 20 часот

Благодарение на вашата интуиција, секогаш знаете што им треба на вашите пријатели и токму тоа им го давате - зборови на утеха, поддршка, помош за решавање некој проблем.

Ги презирате конфликтите, какви и да се, и никогаш не поставувате непотребни прашања.

Од 20 до 22 часот

Вие сте родени за сцена и за голема слава.

Нема да се согласите на ништо помалку од тоа, колку и да е висока цената што ќе треба да ја платите.

За себе верувате дека сте посебни,  перфекционист и се плашите од сопствените грешки.

Од 22 до 00 часот

Знаете што сакате од животот и го давате својот максимум за да ги остварите вашите соништа.

Вашата репутација ви е многу важна.

Подготвени сте да излезете од вашата комфорна зона за да ги постигнете целите кои сте си ги зацртале.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Колку имате среќа во животот, според хороскопот? Стрелец: Само вам може да ви се случи (и по неколкупати во месецот) да ви понуда...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg