Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл?
Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е неопходна за да бидат среќни.
Некои луѓе не можат да си замислат да бидат сингл и некогаш дури и се плашат од таа помисла.
Од друга страна, постојат и луѓе кои повеќе уживаат кога се сами.
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов, почнувајќи од најочајниот:
Рак
Вие како да сте програмирани да бидете во врска. Зрачите топлина и грижливи сте, а ги цените стабилноста и рутината.
Излегувањето и безначајните љубовни авантури воопшто не се за вас и вам ви е особено тешко да бидете сингл.
Очајно ви е потребна стабилноста што може да ви ја понуди врската, до тој степен што тешко ви е да бидете среќни кога сте сами.
Поради ова, знаете да останете и во токсична врска, мислејќи дека и тоа е подобро отколку да немате партнер.
Пробајте да ја насочите грижливоста кон себе, фокусирајте се на вашите потреби, а вистинскиот партнер ќе ве најде кога ќе дојде време за тоа.
Риби
Вие сте нежна, емотивна и сочувствителна личност, а ова ве прави совршен партнер.
Ништо не ви причинува поголемо задоволство од тоа да се грижите за некој што го сакате, неретко дури и на сметка на вашите потреби.
Вие не можете да поднесете да излегувате со разни луѓе и мразите да флертувате и да се обидувате да барате нови партнери.
Вам ви требаат љубов и длабока поврзаност и по секоја цена избегнувате кратки авантури.
Но, некогаш вашата потреба за љубов може да го задушува партнерот и да изгледате како да сте зависни од него.
Вага
Еден од вашите најголеми стравови е да бидете сами.
Па, откако ќе раскинете со еден партнер, речиси веднаш наоѓате нов, без да си дадете време да ја преболите претходната врска.
Проблемот е што неретко ги идеализирате партнерите и си дозволувате да се вљубите во личност која е многу поразлична од она што го мислите за неа.
Пробајте да ја контролирате очајната потреба за љубов и попаметно избирајте ги партнерите.
Само затоа што некој ви се насмевнал еднаш, не значи дека е совршениот партнер за вас.
Бик
Вие, едноставно, ја мразите целата игра со флертување и освојување.
Вам ви е потребна стабилност и партнер кој знаете дека ќе биде со вас.
Знаете што сакате и не се ни трудите да освоите некој кој знаете дека не е заинтересиран за сериозна врска.
Проблемот е што некогаш сте и нетрпеливи, особено ако подолг период не можете да најдете соодветен партнер, а ова ве прави гневни и само ги оддалечува потенцијалните партнери од вас.
Близнаци
Вие сте личност која сака да е опкружена со луѓе, па секогаш сте посреќни кога имате и партнер.
Сакате да имате личност до вас со која ќе ги споделувате убавите моменти, но и тешките ситуации.
А, кога сте сингл, се чувствувате дефокусирано и нестабилно, па речиси постојано сте во потрага по партнер кој ќе ве стабилизира.
Мора да сфатите дека романтичната врска нема да ви ги реши проблемите во животот и мора најпрво да се потрпете на себе.
Лав
Вие сте самоуверена личност полна со енергија и обично не се чувствувате исполнето ако покрај вас немате личност која е слична на вас.
Кога сте во топ форма, ништо не може да ви ја сруши самодовербата, но секогаш мислите дека партнерот може да ве направи посилна личност.
Кога, пак, доминираат овие мисли, станувате по малку очајни за љубов.
Проблемот е што во овие мигови повеќе сакате некој што ќе ви го храни егото отколку животен партнер.