Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл?

horoskopskite-znaci-rangirani-spored-toa-kolku-se-ochajni-za-ljubov-koj-se-plashi-da-bide-singl-02.jpg

Овен

Вие сте постојано зафатени и не е во вашата природа да стоите во место.

Додека од една страна сакате партнер со кој ќе ги делите идеите, хобијата и целите во животот, оваа потреба не доминира кај вас.

Обично околу вас се случуваат премногу работи и наоѓањето партнер не ви е главен фокус.

Но, кога минувате низ помирен период, а сте сингл, почнувате да мислите дека во животот навистина ви треба и партнер.

Скорпија

По природа сте личност која се сомнева за сè околу себе и тешко е некој да ја стекне вашата доверба.

Не брзате да се вљубите и кога ќе почнете да се гледате со некого, се движите побавно. Најважно ви е да се заштитите себеси и вашето срце.

Но, штом ќе ја најдете вистинската личност, целосно ѝ се посветувате.

Се чувствувате добро кога сте во врска со партнер кој го знае вашето вистинско лице и го цени тоа.

Стрелец

Желбата за авантура и љубопитноста доминираат во вашиот живот.

Толку сте зафатени со тоа да истражите сè околу вас, што доста често не ни имате време да размислувате за врска.

Иако би сакале да имате постојан партнер, ова не е нешто неопходно за вас и можете да бидете потполно среќни и сингл.

Девица

Имате мошне сомничав и циничен поглед кон љубовта.

Сакате да имате контрола над сè околу вас, па поради ова како да ви е страв да си дозволите да се заљубите.

Сепак, кога ќе се вљубите, го давате најдоброто од себе и во вас се раѓаат длабоки чувства кои не сте ни знаеле дека постојат.

Вие сакате да бидете и корисни, па кога сте во врска, среќни сте за можноста да се грижите за некого.

Но, љубовта не е пресудна за вашата среќа.

Јарец

Вие сте премногу зафатени со освојување на светот за да размислувате за љубов.

Не постои поамбициозна личност од вас и вашите цели ви го окупираат целото внимание.

Се чувствувате убаво кога сте во врска и ви се допаѓа стабилност што ви ја нуди. Но, ова не е потреба што доминира и за вас љубовта не е нешто без коешто не може да се живее.

Водолија

Како најнезависниот хороскопски знак, вие сте горди на тоа што генерално немате потреба од некој покрај вас.

Уживате во самотијата и ви се допаѓа кога имате слобода да правите што сакате, кога што сакате.

Иако кога сте во врска вие сте одличен партнер, мал дел од вас секогаш копнее по слободата што ја носи сингл животот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...
Една работа што ви недостасува во животот за да бидете среќни, според хороскопскиот знак Јарци, вие сте вредни и успешни, но во животот ви треба и забава. Мора да научит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg