Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот
Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте се гледале во минатото, па тоа може да го разгори љубовниот пламен.
Седмиот месец од 2024-та година, на љубовно поле за повеќето знаци ќе биде во знакот на новата љубов, но и во знакот на аферите.
За некого ќе биде крај на љубовната врска, други ќе ја најдат сродната душа - што ве очекува вас овој јули?
Прочитајте го љубовниот хороскоп за јули 2024:
Овен
Ако сте во врска:
Ова е месец на големи промени. Некои кои се во долга врска, во јули ги очекува предлог за заеднички живот со партнерот, иако можеби сè уште не се подготвени за тоа.
Други, пак, во втората половина на месецот може да ја раскинат врската поради проблеми кои траат одамна.
Од друга страна, пак, некои Овни во брак ќе почнат да се сомневаат во верноста на својот брачен партнер, па ќе бараат доказ дека тој/таа ги изневерува.
Ова може да предизвика криза во бракот, особено ако не постои вистинска причина за сомневање.
Ако сте сингл:
Кон крајот на месецот постои можност да запознаете личност која ќе ве освои на прва и за која ќе имате чувство дека е вашата сродна душа.
Но, тоа може и да не е некој нов во вашиот живот, туку личност што ја познавате одамна, но со која низ годините сте загубиле контакт.
Ако сте сингл, ова не е поволен момент за некаква тајна врска која ќе ја имате само преку интернет.
Бик
Ако сте во врска:
Ако сте на почеток на нова врска, имате чувство дека животот добива поинаква смисла и дека конечно сте со личност со која можете да правите конкретни планови за иднината.
Биковите во сериозна врска ќе почувствуваат монотонија и ќе се запрашаат дали можеби треба да се борат за партнерот или е подобро да стават крај на љубовта.
Пред да донесете избрзана одлука, отидете на летување или на неколкудневно патување и пробајте да ги решите проблемите.
Ако сте сингл:
Овој месец ќе правите сè што е во ваша моќ да си удоволите на себе - да патувате, да излегувате, да се дружите, одите во шопинг или на вечера со пријателите.
Љубовта ви е некаде подолу на листата приоритети и нема да ви е грижа дали ќе ви се случи нешто ново на љубовно поле или не.
Во моментов уживате во својот сингл статус и ништо не може да ви го расипе расипе расположението.
Близнаци
Ако сте во врска:
Љубовта овој јули е стабилна, без никакви турбулентни моменти, а вие ќе уживате во времето поминато со партнерот.
Можно е и заедничко патување пред крајот на месецот, кое, дополнително ќе го зацврсти односот меѓу вас.
Близнаците во брак ќе уживаат во хармонијата што ја имаат со брачниот партнер.
Ако сте сингл:
Близнаците кои се сингл може да пронајдат љубов во својата околина - некој со кого се познавате одамна ќе почне да флертува и конечно ќе ви признае што чувствува за вас.
Или, можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте се гледале во минатото, па ако се видите тоа може да го разгори љубовниот пламен.
Некои Близнаци не се подготвени да зборуваат за своите чувства или им се допаѓа личност која е карактерно сосема спротивна од нив.
Рак
Ако сте во врска:
Секоја ситуација со партнерот, дури и онаа што ви се чини дека е небитна, може да влијае многу на односот со партнерот, па бидете свесни за секој потег што ќе го направите.
Јасно кажете му ги сите свои желби, не кријте работи и не пробувајте да играте заткулисни игри, кои може да „ви се удрат од глава“.
Ако сте во брак, ова е хармоничен месец во кој ќе уживате во љубовта.
Ако сте сингл:
Раковите кои се сингл, уште на почетокот на овој месец може да запознаат личност која за многу кратко време ќе стане важен дел од нивниот живот.
Искористете го поволниот период за да почнете љубовна врска, бидејќи ѕвездите нема да ви бидат наклонети уште долго време.
Ако пак имате некој кој одамна флертува со вас, можеби е време да попуштите и да излезете на љубовен состанок, па дури потоа да решите дали ви одговара или не.
Лав
Ако сте во врска:
Немојте да барате премногу од партнерот и не инсистирајте да разговарате за теми на кои не сака да зборува, бидејќи може да се најдете во многу непријатна ситуација.
Дефинирајте ги своите желби, кажете му што очекувате од вас, но не го убедувајте дека мора да ја прифати вашата визија за иднината.
Оставете самиот полека да се привикне на идејата што ја имате - заеднички живот, брак, да вдомите заедничко милениче, на пример.
Ако сте сингл:
Втората половина од јули е поволна за да почнете нова врска. Во овие денови можно е да запознаете личност која е дел од вашето деловно окружување и работите да тргнат во убава насока.
Дури и да не почувствувате моментална привлечност, дајте му шанса да ве освои.
Ако и по неколку излегувања се чувствувате исто, тогаш, кажете си дека дадовте сè од себе и дека треба да продолжите понатаму.
Девица
Ако сте во врска:
Некои Девици во брак почнуваат сериозно да се сомневаат во верноста на партнерот, а овој сомнеж ги јаде однатре.
Некоја ситуација може да ве поттикне да кажете сè што мислите и да ги влоши дополнително односите со брачниот партнер или со личноста со која сте во врска.
Од друга страна, некои Девици може да се впуштат во паралелна врска.
Ако сте сингл:
Девиците кои не се во врска, овој месец може да запознаат личност која често доаѓа на нивното работно место, или која доаѓа во нивното место на живеење од некое место во близина.
Затоа, не се затворајте дома, туку излегувајте, дружете се и бидете отворени за нови познанства.
Едно од нив може да се претвори во нова, убава љубовна врска.