Хороскопски знаци кои најверојатно ќе ја раскинат љубовната врска во 2025-та

Бик - Кога се во сериозна врска, партнерот секогаш им е на прво место, но во 2025-та ќе почнат да размислуваат дали се заглавени во рутината кога станува збор за нивниот брак или долга врска.

horoskopski-znaci-koi-najverojatno-kje-ja-raskinat-ljubovnata-vrska-vo-2025-ta-01.jpg

2025 година, според астролозите, ќе биде позитивна за хороскопските знаци, а ќе изобилува со среќа, здравје, богатство и просперитет за сите.

И иако за некои ова ќе биде и година на многу љубов, нови врски, свршувачка и стапување во брак, за други таа ќе значи раскинување на (долгата) врска и крај на љубовниот рај.

Без оглед во кој знак и да сте родени, внимавајте во периодот помеѓу 1 март и 12 април кога планетата на љубовта, Венера, ќе биде ретроградна и кога ќе бидат можно огромни промени (за многумина на полошо).

Кои знаци во хороскопот ќе имаат лоша љубовна среќа во 2025-та?

Водолија

Водолиите, по природа, се независни и сакаат да уживаат во својата осаменост.

Во 2025-та Сатурн ќе влезе во нивниот знак и ќе предизвика емотивно исклучување.

Тие ќе бидат „недостапни“ за љубов, повлечени во себе и тоа ќе влијае негативно во односот со нивните партнери и ќе предизвика потенцијален јаз.

Во некој момент од годината некои Водолиите ќе сфатат дека сакаат да бидат сами и да не бидат посветени на никого.

Ова може да биде причина за разделба од нивниот сопружник или долгогодишен партнер.

horoskopski-znaci-koi-najverojatno-kje-ja-raskinat-ljubovnata-vrska-vo-2025-ta-02.jpg

Скорпија

Скорпиите се познати по својата интензивна и интуитивна природа, но и по тоа што се исклучително страстни во љубовта.

Од друга страна, тие се и посесивни, па се однесуваат со недоверба кон партнерот.

Дури може да бидат и одмаздољубиви ако нешто не е по нивно.

Накритичниот периот за љубовната врска на Скорпиите е околу 29 март, кога ќе има делумно затемнување на Сонцето.

Ова ќе ги наведе Скорпиите да се посветат  на себе и на личните желби, а не на врската и партнерот.

Бик

Биковите долг период од годината ќе бидат соочени со голем љубовен предизвик, бидејќи  Уран, планетата на пресврти, иновации и транзиција, ќе влијае на нивното сонце.

Ова ќе ги наведе Биковите да се сомневаат во своите постоечки животни избори, но и да се борат против импулсот да направат големи промени.

Бикот го управува планетата на љубовта, Венера, па затоа родените во овој знак се среќни кога се заљубени и кога покрај себе имаат некој што се грижи за нив.

Кога се во сериозна врска, партнерот секогаш им е на прво место, но во 2025-та ќе почнат да размислуваат дали се заглавени во рутината кога станува збор за нивниот брак или долга врска.

Па ако сфатат дела веќе не се среќни со личноста која е покрај нив, нема да се плашат да продолжат понатаму сами.

horoskopski-znaci-koi-najverojatno-kje-ja-raskinat-ljubovnata-vrska-vo-2025-ta-03.jpg

Лав

Ретроградната Венера и влијанието на Сатурн врз овој огнен знак ќе донесе големи трансформации врз нивниот љубовен живот.

Иако разделбата или разводот може да бидат лоша вест во прв момент, тоа може да донесе многу позитивни аспекти во животот на Лавовите на долг рок.

Некои Лавови ќе станат нетрпеливи кон партнерот, ќе почнат да се конфронтираат за сè и ќе одбиваат да разговараат за проблемите, туку ќе остават тие да се провлекуваат.

Токму затоа во еден момент некои Лавови ќе решат дека треба да се оддалечат од работите што веќе не ги прават среќни и не им носат задоволство.

Риби

Рибите се сонувачи кога станува збор за љубовта и врските и тие се еден од најемотивните знаци во Зодијакот.

Со нив владее Нептун, планетата на соништата и фантазиите, па влегувањето на Сатурн во нивниот знак ќе им даде нова слика на реалност и ќе ги принуди да гледаат на својот живот онаков каков што е, а не со розови очила.

Поради ова, многу Риби ќе решат да ја прекинат долгата романтична врска (некои и бракот) и да бараат среќа во самите себе.

Иако обично сакаат да избегнат конфликти и се сомневаат само во себе (скоро никогаш во партнерот), во 2025-та ќе бидат брутално искрени ако работите не функционираат и ќе си заминат.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg