Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа)
Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа не го прават од себични причини.
Иако од мали нозе нè учат дека на лагата ѝ се кратки нозете и дека е најдобро да бидеме искрени, на сите барем по еднаш во животот ни се случило да излажеме ако сметаме дека вистината е премногу болна за соговорникот и тој не може да се справи со неа.
Според астролозите, дел од хороскопските знаци се познати по тоа што многу почесто може да ве излажат и да ви кажат невистина, а тоа најчесто го сметаат за „бела лага“ и имаат добра причина за тоа.
Овие луѓе не лажат затоа што се злобни или сакаат да ви направат лошо, туку сметаат дека во дадени околности лагата е подобра од вистината.
Кои хороскопски знаци често може да ви ја премолчат вистината, или да ве излажат и зошто?
Близнаци
Близнаците се мошне досетливи и препознатливи се по тоа што се мошне комуникативни. Но, малкумина знаат дека тоа се емотивни луѓе, кои не сакаат никого да повредат.
Ако забележат дека некој е нерасположен, може да му дофрлат некој досетлив коментар за да го расположат, а често знаат да кажат „бели лаги“ само за да ја задржат насмевката на лицето на оние што ги сакаат.
Најчесто, кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа не го прават од себични причини.
Иако често за нив се вели дека се дволични, вистината е дека ако еднаш успеете да го освоите нивното срце, тие ќе ве штитат на секој можен начин, па ако треба и ќе ви ја премолчат вистината за да не ве повредат.
Јарец
Тие важат за мошне смирени и примерни луѓе, но изгледот не треба да ве залажува – затоа што Јарците знаат и да ве излажат ако на тој начин се сигурни дека ќе го сочуваат мирот во куќата.
Послужете ги со изгорен ручек, тие ќе ви велат дека сè што сте направиле е превкусно само за да не ве навредат и да не предизвикаат непотребни расправии.
Во други мигови, може да ве лажат дека тоа што го правите е совршено, затоа што се уверени дека така ќе ви ја кренат самодовербата.
Сè на сè, ова се луѓе што се обидуваат да бидат вистинска поддршка за луѓето што ги сакаат, а подготвени се и да лажат само за да не им ја нарушат самодовербата и да не ги попречат саканите на патот кон успехот.
А никој подобро не знае колку е тежок патот до целта од Јарецот, кој постојано се стреми да стигне до врвот.
Скорпија
Познато е дека ова се страсни луѓе, кои се подготвени да направат сè само да ја задржат личноста што ја сакаат.
Тие може да кажат лаги за да се заштитат себе, или пак да го заштитат партнерот, а тоа го прават така што често малку ја извртуваат вистината.
Ова најчесто се случува кога се на почетокот на нова врска, кога истовремено сè уште се трудат да зачуваат дел од својата слобода, а не сакаат да ја разнишаат довербата на личноста со која се во врска.
Дополнително, знаат да се послужат со бели лаги за да се заштитат од критики или кога не сакаат да соопштат лоши вести. Тие веруваат дека со тоа прават добро дело, затоа што вистината е преценета ако треба да ве повреди.
Лав
Многу често сакаат да се фалат и да ја прикажат реалноста таква каква што си ја замислуваат, а не таква каква што е.
Често знаат да ги преувеличуваат работите и да ги збогатуваат, а главна цел им е да предизвикаат восхитување и почит кај соговорниците.
Нивната цел не е да ве замајуваат, туку да ве забавуваат.
Според нив, лажењето е најдобар начин за да си ја сочуваат приватноста и е сосема оправдано.
Б. С. Б. | Црнобело