3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска
Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаат партнерот, сепак не сакаат да попуштат и мора да се во право...
Повеќето луѓе знаат да направат компромис за „мир во куќа“ и да не се караат со партнерот.
Но, постојат три хороскопски знаци кои секогаш сакаат да се во право, па ќе се докажуваат и расправаат, дури и кога не се. Едноставно, работите мора да бидат по нивно.
Кои се тие?
Бик
Биковите на почетокот на врската може да се попустливи.
Но штом ќе поминат подолго време со партнерот, почнуваат да се менуваат и да сакаат работите да бидат по нивно. Мразат компромиси, но уште повеќе мразат да не се во право.
Бикот ќе инсистира да се придржувате до зацртаните планови, нема да им се радува на изненадувањата, колку и да се трудите околу нив и, честопати, наместо да ви се заблагодари, ќе ви се развика.
Бикот сака да го слушате, да му се „потчините“ и да не му се спротивставувате, дури и кога неговото мислење не е точно.
Девица
Девиците имаат високо мислење за себе и секогаш се ставаат на пиедесталот.
Токму затоа нема да му дозволат никому да ги „симне“ и да ги убеди дека грешат за некои работи.
Ако партнерот проба да ги увери во спротивното од она што го мислат, или да ги разубеди дека не треба да прават нешто, бидејќи е погрешно, Девицата ќе се претвори во студена личност и може да не му зборува со денови.
Девиците не сакаат некој да им „држи предавања“ - ако сметаат дека нешто не прават како што треба, сметаат дека сами треба да го увидат тоа, а не некој да им кажува дека грешат или треба да се сменат.
Јарец
Јарците сакаат да ги држат сите конци во свои раце и да ги носат важните одлуки и за себе и за партнерот.
Токму поради ова, понекогаш се „неподносливи“ кога се во врска, зашто сакаат сè да биде по нивно.
Компромиси прават (или попуштаат) само кога ќе им дадете конкретни докази дека не се во право, но и тогаш нема да ви го признаат тоа или да се извинат, туку ќе се постават како да знаеле, но чекале од вас да им укажете на грешката, за да ве тестираат.
Понекогаш е подобро да ги оставите да „бидат во право“ (иако не се), отколку да се карате за работи кои не можете да им ги објасните или докажете - Јарците го прифаќаат само своето мислење.
А. Ј. | Црнобело