Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето
Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат да им се доверат. Но, ова не е случај со кучињата, кои секогаш им се омилено друштво!
Некои личности не можат да си го замислат животот без своето куче.
Се чини дека миленичињата секогаш се тука за нив, да ги сослушаат, да ги прегрнат, да им ги „избришат солзите“ и да мавтаат со опашката секогаш кога ќе се појават пред нив.
Според астрологијата, ваквите личности кои повеќе се приврзани за кучињата отколку со луѓето, најчесто се раѓаат во одредени хороскопски знаци.
Кои хороскопски знаци би го избрале своето куче, наместо други луѓе?
Овен
На Овните не им е удобно да ги изразуваат своите емоции пред повеќе луѓе, но затоа, обожаваат да бидат во друштво на нивното куче.
Може да плачат пред нивното милениче и да се гушкаат со него, едноставно, не ги кријат емоциите и затоа секогаш повеќе ќе го сакаат своето куче од многу останати луѓе.
Бик
Биковите не можат да го поднесат тоа што многу луѓе се непредвидливи.
Тие сакаат лојалност и постојаност и тоа е она што нивното куче може да им го даде.
Љубовта кон нивниот миленик е очигледна и постојано му се наклонети.
Тие секогаш ќе го сакаат своето куче повеќе од луѓето, зашто знаат дека тоа никогаш нема да ги напушти.
Биковите и кучињата се тим. Секогаш!
Рак
Раковите се приврзани и сакаат да се грижат за другите.
Но, единствено нешто во кое уживаат повеќе од друштвото на нивните партнери, пријатели и членовите на семејството, е времето поминато со нивните кучиња.
Нивните миленици го ценат вниманието и наклонетоста, а со луѓето понекогаш не добиваат ниту благодарност.
За разлика од тоа, нивното куче секогаш е среќно кога ги гледа и поминува време со нив.
Затоа, кучето ќе добие посебен третман, подобар третманот од луѓето!
Лав
Лавовите ја ценат лојалноста, а кучето е одличен пријател во ова.
Лавовите сакаат да се чувствуваат како центар на универзумот, но знаат дека со луѓето тоа не е секогаш возможно.
Но, за нивното куче тие се сè.
Стрелец
Стрелците сакаат да се забавуваат и да уживаат во животот, а најдобар начин да го направат ова е со кучето покрај нив.
Кучињата се активни и разиграни, две особини кои Стрелците навистина ги ценат.
Тие сакаат да играат заедно или да трчаат во паркот, но и да бидат мрзеливи и заедно да лежат на каучот.
Сè е подобро со кучето покрај нив.
Јарец
Јарците се скептични.
Тие секогаш се загрижени дека луѓето ќе ги издадат, а кучето никогаш нема да го направи тоа.
Јарците сметаат дека може да им се верува на кучињата и затоа ќе добијат повеќе љубов од нив.
Риби
Рибите се емпатични, а се чини дека такви се и повеќето кучиња.
Тие секогаш се тука да се гушкаат или да ги утешат своите сопственици и секогаш се среќни кога ги гледаат.
Рибите ја ценат искреноста на овие животни и тоа што не се плашат да ги искажат своите емоции – мавтајќи со опашката секогаш кога ќе ве здогледаат.
М. Ѓ. | Црнобело