Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто)

Бик - Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да не им се појавувате пред очи, затоа што веќе нема да ви веруваат ниту збор.

edna-postapka-so-koja-vednash-kje-ja-zagubite-doverbata-kaj-sekoj-horoskopski-znak-i-zoshto-01.jpg

Велат дека кога еднаш ќе ја загубите довербата во некого, тешко можете да ја вратите… Секој хороскопски знак има свои карактерни особини, а заради нив и работи што му одат на нерви и го излудуваат.

Добро е кога знаете на што треба да внимавате и како да се потрудите добриот однос и пријателството да трае со години.

Што е она што може да ги натера хороскопските знаци да ја загубат довербата во вас?

Прочитајте во продолжение:

Овен – Ако ги лажете

За Овните најважна е искреноста. Тие се интелигентни луѓе што лесно можат да ги насетат лагите и полувистините што им ги кажувате.

Ако забележат дека се обидувате да ги излажете, тоа ќе го сфатат како директен напад врз нивната интелигенција, која е една особина со која многу се гордеат.

Затоа, што и да правите, не се обидувајте да ги лажете. Колку и да е болна вистината, обидете се да бидете целосно искрени со нив.

Бик – Ако сте недоверливи и непостојани

Биковите најмногу од сè ја ценат стабилноста, особено во врските и пријателствата.

Ним им се потребни личности коишто секогаш ќе бидат тука за нив и во лошо и во добро.

Ако им дадете ветување, а потоа не го остварите, подобро е воопшто да не им се појавувате пред очи, затоа што веќе нема да ви веруваат ниту збор.

За нив искреноста, доследноста и постојаноста се знаци на искрена љубов и пријателство.

Близнаци – Ако им ја потцените интелигенцијата

Близнаците се познати по тоа што многу сакаат да се забавуваат, но тоа не значи дека ништо не сфаќаат сериозно.

Напротив, за нив е најважна менталната стимулација. Затоа, ако сакате да го расипете пријателството со нив, доволно е само да почнете да ги навредувате нивните идеи, да им кажете дека се плиткомислени и површни.

За нив е важно до нив да имаат личности што целосно ги разбираат, а ако не покажете дека сте личност која може да ги сфати и нивните најлуди идеи, тогаш според нив, не ја заслужувате довербата што ви ја дале.

Рак – Ако не сте добар пријател

За Раковите семејството, блиските и пријателите се сè на светот.

Тие вложуваат многу труд за да имаат добар однос со луѓето што им значат и очекуваат истото да го добијат за возврат.

Ако ги повредите или ги изневерите, многу ќе им биде тешко да ви простат. Тие нема ниту да ви дозволат да повредите некој друг со вашето „лажно“ пријателство.

Не поднесуваат дволични личности и ако се соочат со некој таков, кај нив веднаш светнува „алармот“ дека на таквите луѓе не треба да им се верува.

Лав – Ако ги понижите

Лавовите надалеку се познати по тоа што напорно работат за да се покажат како самоуверени личности и не сакаат кога некој им ја погазува гордоста.

Постојано имаат потреба луѓето да им се восхитуваат и да ги почитуваат заради што, најлошо нешто што можете да направите е да ги понижите во јавност.

Ако се обидете да се шегувате на нивна сметка или да им го повредите егото, вие повеќе не постоите за нив, а треба да знаете дека ова се луѓе што може да чекаат и со години за да ви вратат во иста мера за повредата што сте им ја нанеле.

Девица – Ако ги разоткриете нивните тајни

Познато е дека Девиците ги чуваат и сопствените, но и тајните на луѓето што им се довериле, па од нив речиси е невозможно да дознаете нешто доверливо.

Кога Девицата со некого ќе сподели доверливи информации за себе, тоа го прави затоа што смета дека на личноста на која ѝ се доверила може да ѝ се верува.

Но, во мигот кога ќе слушне дека сте го прекршиле кодексот на доверба, сте ги издале нејзините тајни и се обидувате да ги искористите против неа, за Девицата сте целосно избришани.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg