Една постапка со која веднаш ќе ја загубите довербата кај секој хороскопски знак (и зошто)

edna-postapka-so-koja-vednash-kje-ja-zagubite-doverbata-kaj-sekoj-horoskopski-znak-i-zoshto-02.jpg

Вага – Ако сте неправедни кон другите

Вагите се чувари на мирот, за кои правдата е најважна. Мразат неправди кон себе, но и кон другите.

Ако Вагата забележи дека сте неправедни кон другите личности, веднаш почнува да размислува кога ќе се свртите против неа и јасно ѝ е дека е прашање на време кога ќе ја злоупотребите нејзината доверба.

Затоа, ако покажете какви било знаци на злоба, себичност и егоцентричност, вие сте ја загубиле довербата кај Вагите.

Скорпија – Кога некој ќе ги предаде

Многу е тешко да ја стекнете довербата кај Скорпијата, а ако еднаш ја загубите – простете се од нив.

Токму заради тоа што им требало долго време да стекнат доверба во вас, при првите знаци на предавство тие се разочаруваат и веднаш ја губат довербата. Не сакаат некој да ги открива нивните тајни, а со оглед на тоа што се посесивни, како предавство ќе го сметаат и тоа ако почнете наеднаш да поминувате многу време се некој друг.

Некои Скорпии може да ви простат, но тоа не значи дека ќе заборават што сте им направиле, а други веднаш ќе ви го избришат телефонскиот број.

Стрелец – Ако ги ограничувате

За Стрелците-слободата е сè. Сакаат да бидат независни и постојано да одат во нови авантури и да стекнуваат нови искуства, а ако се обидете на кој било начин да го попречите тоа, за нив вие сте манипулатори кои не ја заслужуваат довербата што ви ја дале.

Секоја личност што не може да ги поддржи во остварувањето на соништата, за нив веднаш станува непријател и не им е потребна во животот.

Јарец – Ако ги повредите нивните чувства

Навидум се мошне силни и прибрани личности, а навистина е тешко да ја придобиете нивната доверба.

Ако ги повредите нивните чувства, особено, ако сте биле во врска, никој нема да забележи, но тоа остава многу длабоки врз нив, па потоа уште потешко стекнуваат доверба и во другите луѓе …

Кога ќе ги повредите, за Јарците вие веќе не вредите ништо, а ќе ја чека првата можност за да ви врати во иста мерка.

Водолија – Ако сте злобни со нив

Навидум делуваат како индиферентни, но тоа се луѓе што постојано размислуваат за праведноста во оштеството и за меѓучовечките односи.

Секогаш навиваат за оние единки кои се потценети и несфатени, а според нив луѓето што ги навредуваат или ги повредуваат овие луѓе, се безвредни и ништожни.

На Водолијата треба прво да ѝ покажете и да ѝ докажете дека имате добро срце за да почне да ви верува, а при првиот знак дека сте злобни, може да се збогувате со нив.

Риби – Кога им ја злоупотребувате добрината

Тоа се мошне чувствителни и емотивни луѓе, кои знаат и премногу бурно да реагираат.

Затоа, ако забележат дека некој се обидува да им ја злоупотреби добрината, да ги искористи заради емотивноста, тие веднаш ја губат довербата.

Знаат колку вредат и никогаш нема да си дозволат да бидат жртви, а ако сакате да го нарушите односот со нив, доволно е само да ги злоупотребувате нивните чувства.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот Близнаците се наоѓаат на средина – не се многу добри, но не се ни многу лоши и с...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg