Една лага која треба да престанете да си ја кажувате, според хороскопскиот знак
Водолија: „Премногу сум различен/а за да се вклопам каде било“.
Ако сте како повеќето, сигурно има некој недостаток што го мразите кај себе.
И, ништо не може да ве убеди дека тој недостаток и не е така лоша особина и дека не е толку лош колку што си замислувате.
Која лага е време да престанете да си ја кажувате, според астрологијата?
Овен
„Морам да успеам во сè за да ја докажам својата вредност“.
Вие неретко мислите дека признанието од другите е показател за вашиот успех, додека за секоја грешка, дури и најмалата, мислите дека ве прави слаба личност.
Мора да научите да идете ранливи и да сфатите дека тоа не е воопшто лошо.
Не заборавајте дека од грешките учиме и дека вистинскиот раст се случува кога сме соочени со предизвици.
Бик
„Промените само ги влошуваат работите“.
Доста често им се спротивставувате на промените, плашејќи се дека ќе ви ја разнишаат стабилноста.
Пробајте да го промените овој став и гледајте ги промените како пат до нови можности.
Верувајте дека можете да бидете стабилни и да се чувствувате сигурно, без разлика на надворешните фактори.
Близнаци
„Никогаш нема да бидам доволно истраен/а за да успеам“.
Обично се чувствувате расеано, а поради ова се сомневате во вашата способност да бидете истрајни со некоја цел.
Мора да сфатите дека вашата флексибилност е вашата супермоќ.
Вие можете целосно да се посветите на една цел, но поради флексибилноста, мошне лесно ги преминувате предизвиците и не ви е проблем да го промените планот ако има потреба од тоа.
Рак
„Премногу сум чувствителен/а за да се справам со што било“.
Точно е дека сте емотивна личност и поради ова се повлекувате од страв дека ќе идете повредени.
Но, наместо да се плашите, гледајте ја вашата емотивна страна како дар кој ви помага да се поврзете со другите.
Дозволете ѝ на вашата емпатија да блесне и само фокусирајте се на тоа да поставите здрави граници во односот со другите.
Лав
„Ми треба постојано признание од другите за да се чувствувам вредно“.
Вие сакате да сте во центарот на вниманието, најмногу бидејќи сте убедени дека туѓото мислење ја креира вашата вредност.
Променете го овој став така што ќе го покажете вашето вистинско лице и ќе правите што сакате, но само за себе.
Вие сте личност која вреди, дури и кога другите не го гледаат тоа.
Девица
„Морам да бидам совршен/а ако сакам да успеам“.
Како перфекционист, вие честопати мислите дека сè што правите е залудно и никогаш не ви е доволно.
Пробајте да ја надминете желбата за совршеност и сфатете дека е непостоечка.
Вашите несовршености се оние што ве прават човек и што му даваат дополнителна вредност на вашиот труд.