Една лага која треба да престанете да си ја кажувате, според хороскопскиот знак
Вага
„Морам да ги усреќувам сите за да избегнам конфликт“.
Не така ретко, вие ги жртвувате вашите потреби за да ја задржите хармонијата.
Мора да сфатите дека и вашата среќа е важна.
Пробувајте почесто да се фокусирате на вашите потреби и минувајте време со луѓе кои вистински ве ценат.
Скорпија
„Ако им верувам на другите, ќе ме повредат“.
Вашиот страв да бидете повредени може да доведе до целосна изолација.
Почнете да ја гледате довербата како силна страна, а не нешто лошо.
Пробајте да бидете поотворени барем со најблиските и самите ќе воочите дека постојат луѓе на кои сепак можете да им верувате.
Стрелец
„Ако многу се зближам со некого, ќе ме зароби“.
Вие си ја сакате слободата, но поради ова бегате од позначајни врски со другите – и пријателски, и романтични.
Разберете дека значајните врски со другите можат да ви донесат слобода.
Најдете ги вистинските личности во вашиот живот, посветете им се и тие ќе ви помогнат да станете најдобрата верзија од себе.
Јарец
„Ако не работам постојано, тогаш не вредам“.
Вие ја поврзувате вашата вредност со вашите достигнувања, најчесто на професионален план.
Мора почесто да се потсетувате дека ние не сме роботи и не треба секоја минута од денот да бидете продуктивни.
Некогаш и одморот е мошне корисен.
Водолија
„Премногу сум различен/а за да се вклопам некаде“.
Вие сте личност која ја цени својата индивидуалност, но имате навика и да се изолирате.
Научете да ја бидете горди на вашата уникатност и гледајте ја како дар.
Не мора да бидете потполно исти со другите за да се вклопите во нивно друштво.
Риби
„Сите мои соништа се недостижни“.
Вие навистина знаете да сонувате големо и имате мошне развиена фантазија.
Но, некогаш токму ова ве плаши.
Немојте да мислите дека некој сон е премногу амбициозен за да стане реалност.
Правете мали чекори напред и ќе се уверите дека сте способни за многу нешта.
Спирова С. | Црнобело